Иванов залутан меѓу перцепцијата и реалноста: Бројки, надлежности, активности и очекувања

portoroz3

Скопје, 18 јуни, 2015 (META) 

Претседателот Ѓорге Иванов повторно се најде во центарот на вниманието по вчерашното интервју на телевизијата „Телма“. Социјалните мрежи експлодираа, апострофирајќи му ги гафовите и споредувајќи ги со тие од минатото.

Сепак, тоа ја отвори и дилемата какви ингеренции, обврски, а секако, и должности има претседателот на државата во Макеоднија.

Бројки и надлежности:

За институцијата Претседател на РМ оваа година од буџетот на државата одвоено е повеќе од милион евра, односно1.154.308 евра.

Според Уставот, пак, надлежностите на претседателот се:

  • Го доделува мандатот за состав на Владата на Република Македонија;
  • Ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство;
  • Ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
  • Предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;
  • Предлага двајца членови на Републичкиот судски совет;
  • Именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;
  • Ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи;
  • Именува и разрешува и други носители на државни и на јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
  • Доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
  • Дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот.

Активности:

Ова се само дел од последните активности на Претседателот кои се објавени на неговата интернет-страница:

  • Средби со австрискиот претседател Фишер и со српскиот претседател Николиќ;
  • Средба со г. Ерик Фурниер, Директор за Континентална Европа при Министерството за надоврешни работи на Француската Република;
  •  Иванов: Договорот за новата ера лежи во градењето доверба и безбедност во регионот (на „Самит 100“ во Порторож);
  • Средба со г. Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија;
  • Средба со Даниел Митов, министер за надворешни работи на Република Бугарија;
  • Честитка до г. Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација, по повод Националниот празник на Руската Федерација;
  • Обраќање по повод доделувањето на Повелбата на Република Македонија за Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“;
  • Обраќање  на Свечената академија „20 години Воена академија“;
  • Обраќање на Свечената академија посветена на Јосип Јурај Штросмаер;
  • Обраќање по седницата на Советот за безбедност.

Што очекуваат граѓаните:

Иако, како што и самиот вели, има многу малку ингеренции, сепак граѓаните од претседателот очекуваат многу повеќе од она што тој во моментот го прави.

  • Да ги застапува нивните интереси;
  • Да биде коректив на партијата која е на власт;
  • Да посредува при кризи.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција