Изградена е нова спортска сала во населбата Ченто

Од свеченото пуштање во употреба на спортската сала „Крсте Мисирков“ Фото: Општина Гази Баба

 

 

 Проект: Изградба на спортска сала во населбата Ченто, во близина на ОУ „Крсте Мисирков“, во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Рок: 2013-2014 година

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на спортска сала во населбата Ченто, во близина на ОУ „Крсте Мисирков“, е исполнето ветување на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски. Проектот е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година, насловена како: „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба“ (стр.28).

На 26.02.2016 година, медиумите објавија вест дека е пуштена во употреба нова спортска сала во населбата Ченто.

Нова спортска сала денес беше пуштена во употреба во основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто, втора во општина Гази Баба, јави Курир.

Информацијата, истиот ден, беше пренесена и на официјалната веб страна на Општина Гази Баба.

На отворањето присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, зам. министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски, градоначалникот на град на Скопје, Коце Трајановски, Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески, директорите на јавните градски претпријатија, преседателот и членови на Советот на општина Гази Баба и голем број на граѓани.

Бидејќи салата била изградена во соработка меѓу Општината и Агенцијата за млади и спорт (АМС), веста беше пренесена и на официјалната веб страна на АМС.

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ја пуштија во употреба спортската сала “Крсте Мисирков” при ОУ “Крсте Мисирков”.Директорот Спасески истакна дека оваа сала ќе биде од големо значење за учениците и спортистите од ОУ Крсте Мисирков како и за граѓаните на населбата Ченто.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот Трајковски за изградба на спортска сала во населбата Ченто, во близина на ОУ „Крсте Мисирков“, е исполнето ветување, но со задоцнување од две години.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција