Измама – „Техномаркет“ нема наградна игра!

Фото: Принтскрин ФБ пост

Не е вистина дека компанијата „Техномаркет“ има наградна игра и доделува 3 000 евра! Од компанијата  за „Вистиномер“ потврдија дека станува збор за измама и злоупотреба на името на компанијата

Не е вистина дека компанијата „Техномаркет“ има наградна игра и доделува 3 000 евра! Од компанијата  за „Вистиномер“ потврдија дека станува збор за измама и злоупотреба на името на компанијата

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во група којашто е креирана со злоупотреба на името на брендот „Техномаркет“ Македонија. Името на групата е „Техно Маркет Фанс“ , а постот што се споделува во неа има за цел да таргетира корисници на социјалната мрежа Фејсбук.

Во постот стои:

Здраво на сите, изберете го вашиот среќен плик и освојте парична награда од 3.000 евра од Техно Маркет
Направете го тоа, има само 8 коверти полни со готовина направете го тоа со доверба.

Споделена е и фотографија обработена со софтвер, со слика од компанијата „Техномаркет“ и 16 нумерирани пликови.

Огромен број граѓани, коментираат и  избраат број од плик, по што креаторот во коментар им праќа линк за регистрација на име и податоци за наводно „добивање“ на наградата, што се покажа дека е класична интернет измама!

Страницата е лажна, бидејќи компанијата „Техномаркет“ нема наградна игра. Од компанијата  за „Вистиномер“ потврдија дека станува збор за измама:

Се работи за лажна страница. „Техномаркет Македонија“ нема никаква наградна игра. Тоа е злоупотреба и измама, велат за „Вистиномер“ од „Техномаркет“.

До моментот на пишувањето на нашата рецензија постот има 642 допаѓања, 622 споделувања и 1,9 илјади коментари. Страницата собра 55 допаѓања.

Страницата е лажна, а тоа е повеќе од очигледно, бидејќи нема наведено  фирма, контакт телефон, адреса, ниту локација. Во описот  стои продавница за продажба на храна, што пак, нема врска со дејноста на компанијата „Техномаркет“.

Лажната фејсбук страница е креирана на 1 ви јули и на насловната слика го злоупотребува логото на компанијата.

На официјалната фејсбук страница на компанијата „Техномаркет“ Македонија јасно пишува дека се работи за „Компанија за малопродажба · Продавница за електроника · Апарати за домаќинство“ и ги содржи сите податоци, линкувана веб-страница, контакт телефон, адреса и локација.

Креирањето на лажни Фејсбук страници од страна на непознати креатори со името и логото на познати брендови и неверојатно дарежливи лажни наградни игри, стана тренд, кој функционира на Фејсбук просторот, а чија цел е манипулација, собирање и злоупотреба на лични податоци од страна на корисниците. Целта на овие страници е да споделуваат лажни објави за да генерираат сообраќај, но и да измамат што поголем број граѓани.

Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, претпазливо да ги проверуваат страниците, со резерва да пристапуваат кон ваквите наградни игри.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека компанијата „Техномаркет“ има наградна игра и доделува 3 000 евра! Станува збор за измама и злоупотреба на името на компанијата.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција