Измените во Кривичниот законик треба да донесат нулта толеранција кон нападите и заканите врз новинарите
Отсега обвинителството ќе мора да ги прибира доказите по службена должност наместо новинарот да пријавува дека е нападнат и да се изложува на трошоци во судска постапка. Од Министерството за правда за „Вистиномер“ велат дека нивната работна група во предвид ги зела компаративните анализи од повеќе европски земји, во однос на тоа како таму правно се заштитени новинарите се со цел значително да се зголеми заштитата на новинарите
Отсега обвинителството ќе мора да ги прибира доказите по службена должност наместо новинарот да пријавува дека е нападнат и да се изложува на трошоци во судска постапка. Од Министерството за правда за „Вистиномер“ велат дека нивната работна група во предвид ги зела компаративните анализи од повеќе европски земји, во однос на тоа како таму правно се заштитени новинарите се со цел значително да се зголеми заштитата на новинарите
Станува збор за очекуваните измени со кои во нашата држава значително се зголемува безбедноста на новинарите како и на сите медиумски работници, односно снимателите и фоторепортерите. Во иднина, нападот врз нив ќе се третира исто како напад врз службено лице. Воведуваме строги казни и за закана и за напад врз новинар. Дополнително, во иднина обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на здруженијата на новинари, чии претставници активно учествуваа во работната група која ги подготвуваше измените во Кривичниот законик. Со овие измени ставаме крај на едни минати пракси на неказнивост за насилството врз новинарите. Пракси кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичката или институционалната одмазда поради професионалното извршување на нивната работа, рече министерот Маричиќ.
ПРИБИРАЊЕ ДОКАЗИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ
Очекувам МВР и ЈО повеќе да не можат нападите и заканите кон новинарите, снимателите и фоторепортерите да ги „проценуваат” според тежината на нападот и заканата за да ги процесуираат и да ги упатуваат новинарите да поднесат приватна пријава против сторителот. Со измените институциите сега ќе мора да постапат по службена должност. Лично како новинар мене тоа многу ќе ми значи. Ќе се чуствувам посигурно при извршување на работните задачи особено теренските и оние кои се со повисок безбедносен ризик, како што се следење собири, протести, немири, полициски акции, но и известување или работење на сензитивни стории. За мене носењето на оваа измена на КЗ ќе значи конечно интегритетот на новинарите и новинарската работа да биде заштитена од државата, што, според мене, е голем исчекор во признавањето на улогата која ја имаат новинарите и нивната работа за општеството и слободата на медиумите, вели таа.
-Во годините кои следеа и двете организации, и ССНМ и ЗНМ, вложија напори идејата и барањето да станат реалност, меѓу што е и анализата изготвена од ССНМ какви законски измени се потребни за да се обезбеди поголема заштита на новинарските екипи во нивната работа. Во соработка со Министерството за правда, денес на маса го имаме резултатот од тоа – напад врз новинар, снимател, фоторепортер да се третира како напад врз службено лице. Како организација која се грижи за условите во кои работат новинарите задоволни сме од она што до сега го постигнавме, но во исчекување сме на последнот чекор за долгогодишната битка за институционална заштита на новинарите да стане реланост, а тоа е усвојување на законските измени од пратениците во собранието. Но моментот на вистински успех за ССНМ ќе биде моментот кога членот од КЗ кој ги штити новинарите од напади и закани ќе почне да се спроведува, односно кога ќе се увериме дека институционалната заштита на новинарите не е само парче хартија туку реалност, објаснува Грнчароска.
НЕОПХОДНИ ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРАТА И ПРАКСАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ
Важно е да се истакне дека новинарите не се поистоветуваат како службени лица, туку се стекнуваат со посебен статус на заштита со цел поголема гаранција на нивната безбедност преку која индиректно се штити и уставното право на информирање на сите граѓани. Овој механизам не треба да заврши само со измени во КЗ, туку потребни се интервенции и во структурата и праксата на одредени институции, како, на пример, обврската МВР редовно да води и да ажурира регистар на напади кон медиумски работници, како и воспоставување на ново одделение во рамки на обвинителството. На овој начин МВР ќе покаже дека активно се следат прекршувањата на правата кон новинарите а ОЈО дека се грижи да има обвинители кои имаат напредни познавања за заштита на правата на новинарите и слободата на говор, ни рече Секуловски.
Според овие препораки, законската рамка, вклучително и одредбите за кривично право што се однесуваат на заштитата на физичкиот и моралниот интегритет на личноста, треба да се имплементира на ефикасен начин, вклучително и преку административни механизми и со препознавање на посебните улоги на новинарите и другите медиумски актери во демократско општество, додава Секуловски.
Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар