Јемен не му објави војна на Израел

Фото: Gordon Johnson Pixabay

Откако бунтовничката група Хути го таргетираше Израел со воздушни напади, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави дезинформација, според која „Јемен му објавила војна на Израел“. Ама ова не е точно. Хутите не се интернационално признаена влада на Јемен, но под нивна контрола е главниот град на Јемен. Повеќе експерти за меѓународни односи и познавачи на политичката состојба во Јемен посочуваат дека е фактички погрешно да се тврди дека „Јемен му објавил војна на Израел“

Откако бунтовничката група Хути го таргетираше Израел со воздушни напади, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави дезинформација, според која „Јемен му објавила војна на Израел“. Ама ова не е точно. Хутите не се интернационално признаена влада на Јемен, но под нивна контрола е главниот град на Јемен. Повеќе експерти за меѓународни односи и познавачи на политичката состојба во Јемен посочуваат дека е фактички погрешно да се тврди дека „Јемен му објавил војна на Израел“

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Официјално: Сиромашната Јемен му објави војна на Израел.

Меѓутоа, наспроти изнесеното во објавата, не е точно дека Јемен му објави војна на Израел. Како што пишуваат проверувачите на факти од „Асошиејтед Прес“, станува збор за бунтовниците Хути, кои презеле одговорност за нападите врз Израел.

Меѓународно признатата влада на Јемен нема објавено војна на Израел. Бунтовниците Хути, кои што го контролираат главниот град на земјата, истрелаа проектили кон израелски цели минатата недела и се заканија и со идни напади. Но, експертите за „Асошиејтед Прес“ велат дека милицијата поддржана од Иран престанала со нападите кратко откако прогласи војна против израелската држава.

Хутите се бунтовничка група која го контролира главниот град Сана и тие во вторникот објавија дека лансирале проектили и беспилотни летала кон Израел. Израелската војска соопшти дека нејзините борбени авиони и ракетниот одбранбен систем ги пресретнале надвор од израелска територија.

Војската на Хутите во средата соопшти дека истрелала уште една серија беспилотни летала кон израелски цели „за поддршка на угнетениот палестински народ“.

Но, меѓународно признаената влада на Република Јемен е предводена од претседателскиот лидерски совет, објаснува за „Асошиејтед Прес“ Томас Џуно, професор на Универзитетот во Отава во Канада, кој е експерт за Јемен.

Таа влада нема односи со Хутите.

Хутите се де факто власт во Сана, главниот град, но навистина е неточно да се каже дека Јемен (или Република Јемен) му објави војна на Израел, вели Џуно за „Асошиејтед Прес“.

Брус Ридел, висок соработник во Центарот за блискоисточна политика на институцијата Брукингс, за „Асошиејтед Прес“ вели дека се согласува со оваа оценка, додавајќи дека Иран и Сирија се единствените две нации кои имаат амбасади кои работат во Сана, нагласувајќи го недостатокот на меѓународен легитимитет на групата.

Од техничка перспектива, Хутите не го претставуваат Јемен на меѓународната сцена. Значи, да се каже дека Јемен објави војна во таа смисла е неточно, изјави за „Ју Ес Еј Тудеј“, Томас Џуно, професор на Универзитетот во Отава и експерт за Јемен.

И проверувачите на факти на Франс Прес пишуваат дека не е точно оти Јемен му објавил војна на Израел.
Владата на Јемен, која е меѓународно призната, ги осуди израелските операции во Газа, но таа не беше онаа која презема воени дејствија и ракетни напади.

Хутите не се официјални претставници на Јемен. Израел продолжува да се соочува со воздушни напади од групи од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и јеменските бунтовници Хути и од Хезболах во Либан, но Јемен му нема објавено војна на Израел.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција