Кога вмровската машинерија ѝ го „чува грбот“ на независната Сиљановска 

Фото: Официјален ФБ профил на Х.Мицкоски

Сиљановска-Давкова во 2020 година во парламентот влезе со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа не стана пратеник преку независна пратеничка листа, туку беше носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Првата изборна единица. Сиљановска-Давкова и во претседателската трка влезе со потписите на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а на изборните митинзи се појавува заедно со партискиот лидер Христијан Мицкоски. Па, прашање е колку една таква непартиска личност може да биде партиски независна и необоена, ако во нејзината изборна кампања е впрегната цела партиска логистика и машинерија?

Во текот на дебата на МРТ меѓу седуммината претседателски кандидати, професорката Гордана Сиљановска-Давкова инсистираше на тоа дека е:

Непартиска личност и дека и како пратеник во Собранието настапувала како независен пратеник

[Извор: Претседателски избори 2024 – Соочување МРТ; датум – 21.04.2024]

Образложение:

Ваквиот став на кандидатката за претседател  Гордана Сиљановска-Давкова  го сметаме за делумно вистинит.

Неспорно е дека Сиљановска-Давкова  е во групата на независни пратеници во Собранието.  Исто така е неспорно дека таа е многу активна во парламентот, учествува во дебатите и на собраниските тела и на пленарните седници. За себе вели дека е голем индивидуалец и има цврсти ставови. Истото го велат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, независната пратеничка Сиљановска-Давкова во 2020 година во парламентот влезе со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа не стана пратеник преку независна пратеничка листа, туку беше носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Првата изборна единица.

Извор: ДИК

Сиљановска-Давкова и во претседателската трка влезе со потписите на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Иако, таа собираше потписи и само во еден ден за неа се потпишале над 28.000 граѓани, сепак за нејзината претседателска кандидатура во ДИК се приложени само потписите на 30 пратеници. Според ВМРО-ДПМНЕ тоа што номинацијата е со пратенички потписи, е поради технички причини. СДСМ, пак, изрази сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ „нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател“.

Но, иако Сиљановска-Давкова не е член на ВМРО-ДПМНЕ- како што вели самата, сепак таа на изборните митинзи и собири со граѓаните се појавува заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Оттука се наметнува прашањето, дали тоа што некој формално нема партска книшка е доволно за тој да се смета дека е партиски неопределен?  И, колку една таква непартиска личност може да биде партиски независна и необоена, ако во нејзината изборна кампања е впрегната цела партиска логистика и машинерија?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција