Комплетно реконструирана детската градинка во Вевчани

Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за реконструкција на детската градинка е исполнето. Детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани е комплетно реконструирана после 40 години и таа беше свечено отворена на 23 јули оваа година

Ветување: Реконструкција и осовременување на детската градинка во Вевчани.

„Во дворот на детската градинка ќе изградиме ново отворено игралиште со најмодерни реквизити. Детската градинка ќе ја реконструираме и опремиме со најмодерни соодветни помагала и играчки, а со цел подобрување на воспитната и образовната компонента во наставата“.

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за локалните избори 2017 ,стр. 9 – датум: октомври 2017 ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за реконструкција на детската градинка е исполнето.

Детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани е комплетно реконструирана после 40 години и таа беше свечено отворена на 23 јули оваа година.

Општина Вевчани ја реконструираше градинката благодарение на вклученоста на граѓаните во процесот на локален развој преку Форумите во заедницата, организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, спроведуван од УНДП.

Проектот „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“,  вклучи замена на електричната инсталација, спуштање на плафоните, опремување на засебен и соодветен простор за индивидуална работа на логопед како и целосно уредување на надворешниот простор за игра на деца со поставување на нови реквизити за игра, истакна градоначалникот Сашо Јанкоски при свеченото отворање на градинката  на 23 јули 2021 година.

На отворањето на градинката присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, а нејзината изјава ја пренесоа медиумите.

За нас во Швајцарија ваквата методологија е многу важна таа всушност треба да се базира вз она што е потреба на самите граѓани. Значи тие ги утврдиле своите потреби за таа инвестиција и таквата поддршка е всушност во прилог на нивниот интерес.  Инвестирањето во младите е многу важно тоа е инвестирање во иднината, рече амбасадорката на Швајцарија во С. Македонија.

Фото: vevcani.gov.mk

Проектот „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“ се реализираше со грант од 66 илјади евра од Швајцарската агенција за обнова и развој.

Имајќи го предвид сето ова, ветувањето на Јанкоски за реконструкција на детската градинка во Вевчани, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Соња Рилковска

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција