Ковид-19 е вирусна инфекција и не се лекува со антибиотици

Дезинформациите на социјалните мрежи не познаваат ниту граници, ниту етика. Јавноста се бомбардира нанајнизок и најнепрофесионален начин од бројни извори. За само неколку дена, Фејсбук пост, иако полн со лажни тврдења успеал да собере 1800 лајкови, 500 коментари и да биде споделен од околу 10.000 корисници на оваа платформа, пишува Порталб.мк.

 

Содржината што ја рецензираме е од пост споделен на Фејсбук на профилот „Сараји сот (Сарај денес)”. Иако содржината е заснована на низа лажни тврдења, без наведување на научни извори и факти, за само неколку дена постигнала голема интеракција на социјалните мрежи. Споменатата дезинформација не е нова за јавноста, но тоа не било пречка истата да добие толку многу лајкови и да биде споделена од илјадници луѓе на социјалните мрежи.

 

Во содржината што ја рецензираме се тврди дека: Сингапур стана првата земја во светот што врши обдукција на телото на починате од Ковид-19, дека Ковид-19 не е вирус туку бактерија, дека Министерството за здравство во Сингапур веднаш го променило протоколот за лекување, како и дека инфекцијата со Ковид-19 се лечи со аспирин итн.

Всушност, станува збор за една глобална дезинформација на која официјално одговорила и владата во Сингапур, каде што ги негира сите гореспоменати тврдења. Истото го изјавија и од Министерството за здравство во Сингапур во јуни годинава, и велат дека не е направена никаква обдукција и дека не се променети протоколите за лекување поставени од Светската здравствена организација (СЗО). Институциите во Сингапур апелираат до граѓаните да се информираат од нивната официјална веб-страна, на која постојано се ажурираат информациите.

 

Свесни сме дека кружи информација која вели дека Сингапур извршил обдукција на пациент со Ковид-19 и за наводни промени во протоколите за лекување. Содржината се повикува на Министерството за здравство – Сингапур. Ова не е вистина. Фактите се дека Сингапур нема направено таква обдукција. Информацијата за патофизиологијата на инфекцијата со Ковид-19 која не е придружувана со најновите факти е лажна, пишува на соопштението на Фејсбук страната на Министерството за здравство во Сингапур.

 

Во месец април 2021 година, во светот се рашири уште една таква информација, но во неа се тврдеше дека Русија е земјата која направила обдукција и која дошла до горенаведените заклучоци. Пред неколку месеци идентична содржина кружеше на онлајн платформите и во соседна Србија.

 

СЗО не и забранува на ниту една земја да врши обдукција на жртвите од Ковид-19

Неточно е тврдењето дека СЗО забранува обдукција на лицата кои ги загубиле животите како последица на Ковид-19. Овој факт автоматски го демантира тврдењето дека Сингапур е првата земја што направила таква обдукција. Само во Македонија лани се извршени над 10 обдукции. Ова лажно тврдење кое кружи на социјалните мрежи и претходно беше побиено и од Вистиномер.мк.

 

Ковид-19 е глобална пандемија предизвикана од коронавирусот

Вирусот, кој предизвика глобална пандемија, првпат се појави во Вухан, Кина во декември 2019 година. Новата болест, непозната за човештвото, е предизвикана од вирус од семејството на Коронавируси. Коронавирусите се големи семејства на вируси кои предизвикуваат болести кај луѓето или животните. Што се однесува до заразувањето на луѓето, познато е дека неколку коронавируси предизвикуваат болести на респираторниот систем. Новиот вирус го доби името Ковид-19 што значи: КО-корона, ВИ-вирус, Д – дизиз (анг.-болест), 19 – се појавил во 2019 година. Ова се научните факти кои и ги доставија на јавноста научниците од СЗО.

 

Вистина е дека некои луѓе кои се заразени со вирусот САРС-КоВ-2 може да развијат бактериска инфекција како една од компликациите, но слична компликација се среќава и кај други вирусни заболувања како што е грипот. Затоа, тврдењето дека Ковид-19 може да се лекува со антибиотици е невистинито. Директорката на Светската здравствена организација за глобална подгототвеност на заразни болести, Др. Силви Брајан, објаснува дека употребата на антибиотици за време на лекувањето од Ковид-19 кај пациентот може да предизвика и бактериска инфекција.

 

Користењето антибиотици за лекување на Ковид-19 нема да помогне, бидејќи се работи за вирус, а не бактерија. Но, кај некои хоспитализирани пациенти употребата на антибиотици спречила развивање на бактериски инфекции бидејќи за некои пациенти кои се слаби и кревки стравуваме дека покрај Ковид-19 може да развијат и друга бактериска инфекција, вели Доктор Брајан.

 

Не е точно дека во Сингапур се користи друг начин за лекување на Ковид-19

Тврдењата дека Сингапур го променил начинот на лекување на Ковид-19 се невистинити. Ова тврдење го отфрлија и официјалните власти на Сингапур, кои рекоа дека ги следат сите правила и препораки на СЗО за лекување на пациентите заразени со Ковид-19. Министерството за здравство им порача на граѓаните доколку не се чувствуваат добро да се обратат на лекар и да ја добијат потребната грижа.

 

Аспиринот нема никакво директно влијание врз вирусот што предизвикува Ковид-19. Доколку не се чувствувате добро, навремено посетете го својот лекар за да се тестирате и лекувате, пишува на официјалната веб-страна на Mинистерството за здравство на Сингапур.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција