Крема која нема име, ниту состав, се нуди како лек против болки во колена, иако не е заведена кај здравствените власти

Секој лек, препарат кој се користи за медицински цели, треба да подлежи на одредени испитувања за да се потврди неговиот квалитет, безбедност и ефикасност. Во земјава Минситерството за здравство води регистар на сите лекови за кои има издадено одобрение за ставање во промет. Кремата која се препорачува преку социјалните мрежи, нема име, ниту, пак, од што е направена и ја нема во регистарот на лекови на МАЛМЕД. Затоа сметаме дека овој препарат не може да се оцени како лек против болки во колената

Секој лек, препарат кој се користи за медицински цели, треба да подлежи на одредени испитувања за да се потврди неговиот квалитет, безбедност и ефикасност. Во земјава Минситерството за здравство води регистар на сите лекови за кои има издадено одобрение за ставање во промет. Кремата која се препорачува преку социјалните мрежи, нема име, ниту, пак, од што е направена и ја нема во регистарот на лекови на МАЛМЕД. Затоа сметаме дека овој препарат не може да се оцени како лек против болки во колената

 

 

Преку Фејсбук објава, која деновиве контуинирано се споделува, се промовира и продава крема-маст која наводно лечи повеќе видови на болка на коленото. Всушност станува збор за реклама во која се наведени придобивките од контуинираното нанесување на кремата, за што се препорачува, но и цената по која се продава во земјава и во соседно Косово. Единствено што стои дека една тегличка, согласно сликата, чини 10, а три парчиња 20 евра и дека доставата е бесплатна

Лек за колена – Гарантиран производ

1 парче = 10 € – 3 парчиња = 20 €

Гарантиран производ за заздравување на колената!

Бесплатна пошта низ цела Македонија и Косово

———————————-

Се користи за:

– Недостаток на маснотии во коленото

– Прстени, прстени на вратот

– ‘рбетот

-Ревматизам и сите ревматски болки

– Артритис, Остеопороза, Минискус.

– Сите ревматски болки во коските

– Го нахрани коленото со маснотии

– За адекватно функционирање на коскеното ткиво

– За луѓето кои страдаат од остеопороза,менискус

– Ја зголемува флексибилноста на колената

– За сите различни болки на скелетниот систем, од рацете до нозете или од градите до нозете.

Во објавата се дава и упатство како да се користи, при што корисникот треба да го нанесе на местото со болка, двапати дневно, при што нанесувањето треба да биде наутро и пред спиење, а продавачите гарантираат 100% за квалитетот на производот. За да биде поубедливо, носителот на објавата во описот од коментари споделува реакции од „задоволни“ купувачи. Но, не станува збор за вистински коментари, туку за скриншотови од коментари поставени по авторот на постот и нема начин да се провери дали тие се автентични или на што се однесуваат.

Ако се анализира самата ФБ објава не може да се добие конкретен одговор за кој лек станува збор, кој е составот на самата крема што треба да се користи, кој се може да го користи, односно нема препорака за користење од официјални и релевантни медицински институции,. Паралелно, нема информација каде е регистрирана ова крема  и дали е одборена за користење во земјава. Единствено што се информира дека кремата е 100% природна.

Ваквата ФБ објава само може да манипулира и да ги злоупотребува потенцијалните пациенти, кои имаат проблеми или болка со колената, бидејки неименуваната крема како лек воопшто не може да се најде во официјалниот регистар на лекови на Министерството за здравство

Имајќи предвид дека овој препарат, кој се продава во тегличка, не може да се окаректеризира како официјален лек, бидејќи тој мора да биде регистриран, согласно  Законот за лекови и медицински средства, при што треба да се исполнат одредени услови. Во член 43 од Законот пишува дека:

Барањето за регистрација на традиционални хербални лекови содржи документација којашто се состои од:

  1. административен дел на документацијата согласно со членот 20 став 1 точка 1 на овој закон; 
  2. фармацевтски, хемиски и биолошки дел на документацијата согласно со членот 20 став 1 точка 2 на овој закон; 
  3. библиографски или стручни докази односно експертски извештај за ефектот на лекот или сличен на него лек што е во медицинска употреба за период од најмалку 30 години, од кој најмалку 15 години во Република Македонија или во Европската унија и
  4. библиографски преглед на податоците за безбедноста или експертски извештај и во случаи кога Агенцијата дополнително ќе побара и податоци неопходни за оцена на безбедноста на лекот.

Додека во член 45 пишува дека:

Барањето за регистрација на хомеопатски лек се поднесува под услов лекот:

  1. да се употребува перорално или надворешно;
  2. да не се наведуваат терапевтски индикации на пакувањето на лекот или во иинформациите поврзани со негои
  3. да постои доволен степен на разредување што ќе гарантира безбедност на лекот, особено лекот не смее да содржи повеќе од еден дел на 10.000 од основната тинктура или повеќе од 1/100 од најмалата доза која се користи во алопатијата во поглед на активните супстанции чие присуство во алопатските лекови резултира со обврска за поднесување на рецепт.

Со оглед на тоа што овој препарат не е регистриран како официјален лек, врз кој не се направени аналитички (фармацевтско- хемиско-биолошки), фармаколошко-токсиколошки испитувања и клинички испитувања, не е епознато колку тој е безбеден и ефикасен за потенцијалните пациенти

Од таа причина оценуваме дека производот што се нуди по социјалните мрежи за болки во колената  не ги исполнува карактеристиките да биде промовиран како ,,лек”, а со тоа и постот преку кој се промовира како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција