Browsing Tag

лек

Не е точно дека сите автоимуни заболувања и сите видови на канцер се предизвикани од паразити

Паразитските инфекции можат да бидат фактор (кофактор) за одредени видови рак и во одредени контексти автоимуни заболувања, но нема поддршка за тврдењето дека тие се универзална и главна причина за сите видови рак или за сите автоимуни…

Нема медицински докази дека глуварчето е 100 пати поефикасно од хемотерапијата и дека лекува рак

Научните докази кои се достапни, покажуваат дека пациентите со канцер кои одбираат само алтернативни терапии, умираат побрзо отколку тие што користат тестирани третмани.

Тони Михајловски не рекламира никаква маст за болки во зглобови

Видеото е направено да изгледа како прилог на вести на македонска телевизија, во него се појавува македонска новинарка, а исценирано е и лажно интервју на Михајловски во кое тој наводно зборува за лекот што му го спасил животот, односно го…

Министерството за здравство не нуди лек против болката во грбот и вратот

Според сите параметри ова е вообичаена онлајн измама која неетички си поигрува со маката на луѓето кои навистина имаат проблеми и болки во грбот и вратот, со цел да потрошат пари за производ  што наводно веднаш ќе ги излечи. Притоа се…

На Фејсбук се продава лажен лек кој ветува обнова на видот

На македонскиот пазар овие капсули се рекламираат со бројни манипулативни и невистинити елементи , при што се тврди дека наводно го обновуваат видот и лечат очни болести без операција. Препаратот го нема во аптеките, само на интернет, каде…

Не е вистина дека македонски студент по медицина измислил лек за зглобови

Објавата е измамничка, бројни елементи, меѓу кои и тој дека „успешен студент го измислил лекот и си помогнал самиот себе да стане од инвалидска количка“ се измислени, а за таа цел се злоупотребени фотографии од лице кое има церебрална…

Арбен Таравари злоупотребен во реклама за наводен лек против згрутчување на крвта

Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми, со цел да ги намамат да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари. Притоа се злоупотребува името на доктор Арбен Таравари кој е…

Министерството за здравство повторно злоупотребено во лажна реклама за лекување хипертензија

Ова не е првпат во објава на Фејсбук да се злоупотребуваат државните симболи на Република Северна Македонија и називот на нејзиното Министерство за здравство, за читателите да се убедат дека тука се работи за легитимна програма која ќе им…

Со измислено интервју се рекламира „лек“ против хемороиди

Во измисленото интервју се промовира таканаречен „лек“ за хемороиди HemoRenew. Ваков лек каков што се рекламира во објавата, не постои во регистарот на лекови и медицински средства одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства…

Црвениот крст злоупотребен во реклама за лекување на грбот и зглобовите

Објавата го злоупотребува името на Црвениот крст и води до лажна страница која нуди попуст за наводен лек за болки во грбот и зглобовите. Во рекламата се бара да се пополни анкета за да се добие лек со голем попуст, што е типична измама со…

Фејсбук објава за чај ги злоупотребува државните симболи за да ги измами корисниците

Tипична онлајн измама неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми, со цел да ги намами да купат чај кој е наводен лек и да потрошат еден куп пари. За реклама на овој чај наречен Хипертеа, во минатотао беа…

Алтеа не е лек за алкохолизам, туку чај од тревки

Алтеа не е лек против алкохолизам туку чај од билки, а за неговото рекламирање се злоупотребени доктори, измислени се ликови и се наведуваат невистинити факти со цел да се намамат граѓаните да го купат овој чај мислејќи дека е лек

Објави на Фејсбук рекламираат лажен лек против хемороиди

Хемороидите, иако се чести и се лекуваат, бараат соодветна медицинска дијагноза и научно докажани третмани. Препаратот против хемороиди кој се рекламира во објавата го нема во регистарот на лекови одобрени од Агенцијата за лекови и…

Лажен јапонски доктор нуди „волшебни капки“ за лекување на дијабетес

Пребарувањата на фотографијата од наводниот доктор Хироки Саито, покажуваат дека ова е друг човек. На фотографијата се наоѓа професорот на Институтот за технологија во Токио, Јошинори Охсуми кој во 2016 година доби Нобелова награда за…

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари за производ кој наводно веднаш ќе им помогне. Притоа се користи непостоечки доктор…

Папиломи и паразити не се лекуваат со чај

Од Институтот за јавно здравје велат дека паразитите се докажуваат во точно утврдена медицинска дијагностичка процедура по претходна симптоматологија, не е точно дека ги имаат сите луѓе и се докажуваат микроскопски, серолошки или со ПЦР…

Нема чудотворен лек за варикозни вени

Ова е уште една лажна реклама за чудотворен лек. Се рекламира некаков гел VeinVital, воедно се споделува измислено искуство на личност која се претставува како Моника. За гелот за којшто се тврди дека лекува проширени вени за само една…

Измислени личности промовирааат чудесни капсули за слабеење

Во текстот има препораки од лица кои лажно се претставени како да се корисници на овој препарат со кој постигнале успех, тие се прикажани со фотографии и со македонски имиња и презимиња. Лицата прикажани на овие фотографии и на кои им се…