Куриер нема насловна страница  на која е прикажан Зеленски како краде велигденски јајца

Фото: Вистинската насловна страница на неделникот Куриер од 6 април - Принтскрин

Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. „Куриер“ има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски  (N°1692), но со различен дизајн. Како што објаснува Courrier International за насловната страница од 6 април изборот на уредниците бил направен во корист на Индија, која е најнаселена земја и станала атрактивна дестинација за западните инвеститори. Лажната страница со Зеленски ја објавија на 5-6 април руските пропагандни медиуми (Ukraina.ru , news-kiev.ru, zmaps.ru ), како дел од руската пропаганда насочена против Западот и Украина

Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. Куриер има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски  (N°1692), но со различен дизајн. Како што објаснува Courrier International за насловната страница од 6 април изборот на уредниците бил направен во корист на Индија, која е најнаселена земја и станала атрактивна дестинација за западните инвеститори. Лажната страница со Зеленски ја објавија на 5-6 април руските пропагандни медиуми (Ukraina.ru , news-kiev.ru, zmaps.ru ), како дел од руската пропаганда насочена против Западот и Украина

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој споделува наводно насловна страница на француски „Куриер“ од 6 април, на која преку карикатура е прикажан украинскиот претседател Володомир Зеленски, како краде велигденски јајца и бега.

Велигденски извештај од западот, стои во постот кој го анализираме.

Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. Насловните страници може да се погледнат тука.

„Куриер“ има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски  (N°1692), но со различен дизајн.

Како што објаснува Courrier International за насловната страница од 6 април изборот на уредниците бил направен во корист на Индија, која е најнаселена земја и станала атрактивна дестинација за западните инвеститори. На насловната страница се прикажани млади луѓе од Индија, што е сигнал дека Индија треба да се трансформира и да им понуди на младите перспектива, да им обезбеди работа.

Треба да се напомене дека корицата на дизајнот со Зеленски како краде велигденски  јајца, не може да се најде ниту во старите изданија на „Куриер“, вклучувајќи ги и специјалните изданија.

Лажната страница со Зеленски ја објавија на 5-6 април руските пропагандни медиуми (Ukraina.ru , news-kiev.ru, zmaps.ru ), како дел од руската пропаганда насочена против Западот и Украина.

Според тоа, може да заклучиме дека постот кој го рецензираме е невистинит.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција