Лапсус злоупотребен за теорија на заговор и наводен „таен состанок на илуминатите“

Фото: Принтскрин видео

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен. Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз основа на продолжението на реченицата во која таа веднаш вели „храната што ја јадеме“, како и нејзините гестикулации и изрази на лицето, јасно е дека се работи за ненамерна грешка во говорот. Очигледно е дека Хабард не сакала свесно да ја каже фразата „бебињата што ги јадеме“, ниту пак, таа се вклопува во остатокот од нејзиниот говор или пошироката визија за напредокот општеството

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен. Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз основа на продолжението на реченицата во која таа веднаш вели „храната што ја јадеме“, како и нејзините гестикулации и изрази на лицето, јасно е дека се работи за ненамерна грешка во говорот. Очигледно е дека Хабард не сакала свесно да ја каже фразата „бебињата што ги јадеме“, ниту пак, таа се вклопува во остатокот од нејзиниот говор или пошироката визија за напредокот општеството

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео за кое тврди дека e од „состанок на илуминатите“ и дека на него се зборело за „јадење бебиња“.

Снимка од состанок на илуминатите. Женава вели „бебињата што ги јадеме“, стои во објавата.

На видеото споделено во објавата е прикажана американската публицистка Барбара Маркс Хабард, една од водечките футуристи која говори за напредокот на човештвото во иднината.

Говорот што го одржала не е дел од никаква „тајна средба на илуминатите“, туку е дел од презентацијата за свесната еволуција што таа ја одржала на меѓународен форум уште во 2015 година, а нејзината презентација е јавно објавена на каналот Јутјуб на организаторите на конференцијата, пишува сајтот за проверка на фактите Раскринкавање.ме.

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен.

Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб (13:09-13:26) и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз основа на продолжението на реченицата во која таа веднаш рече „храната што ја јадеме“, како и нејзините гестикулации и изрази на лицето, јасно е дека се работи за ненамерна грешка во говорот.

Ова го утврдиле и проверувачите на факти од порталот Фактограф, кои во својата анализа наведуваат дека Хабард две години претходно дала интервју за порталот „Бродвју“ во кое зборувала и за свесната еволуција и каде изговарала речиси идентични реченици како во нејзиниот говор на Форумот во 2015 година.

Свесната еволуција е доаѓањето на првото доба во кое луѓето се свесни дека влијаат на сопствената еволуција со сè што правиме: храната што ја јадеме, бебињата што ги имаме, автомобилите што ги возиме, војните што ги водиме и начинот на кој ние ја третираме нашата околина. Ако ја погледнете приказната за универзумот како еволутивна спирала низ единечни клетки и повеќе клетки и животни и луѓе, а сега ние, ќе почнете да го гледате моделот на еволуција, вели Хабард во споменатото интервју.

Од горенаведеното е јасно дека се работи за грешка во говорот и дека познатата американска публицистка не сакала свесно да ја каже фразата „бебињата што ги јадеме“, ниту пак, таа се вклопува во остатокот од нејзиниот говор или пошироката визија за општеството за кое таа се залагала и напредокот што го предвидувала.

Теоријата на заговор на илуминатите можеби ги надминала сите други теории, а во нејзината основа е верувањето дека токму илуминатите се тие кои наводно ги контролираат сите светски настани, дејствувајќи во тајност за да воспостават нов светски поредок.

Поради сето горенаведено, објавата што ја анализираме сметаме дека има недостиг на контекст што ја прави манипулативна и создава погрешен впечаток кај корисниците на социјалната мрежа.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција