Лажен цитат на папата Франциск стар десет години, повторно актуелен на Фејсбук

Фото: Annett_KlingnerPixabay

Цитатот додаден на сликата што кружи од декември 2014 година не се совпаѓа со ниту еден проверлив коментар на папата Франциск. Иако папата Фрнциск даде изјави во 2013 година кои беа широко прифатени како нетипично опфаќање на неверниците, тие не личеа на цитатот „не е неопходно да се верува во Бог за да се биде добар човек“. Не е јасно од каде потекнува цитатот, но нема доказ за тврдењето што го искажал папата Франциск

Цитатот додаден на сликата што кружи од декември 2014 година не се совпаѓа со ниту еден проверлив коментар на папата Франциск. Иако папата Франциск даде изјави во 2013 година кои беа широко прифатени како нетипично опфаќање на неверниците, тие не личеа на цитатот „не е неопходно да се верува во Бог за да се биде добар човек“. Не е јасно од каде потекнува цитатот, но нема доказ за тврдењето што го искажал папата Франциск

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува цитат од папата Франциск, а за кој не постои доказ дека е веродостоен. Цитатот е на српски јазик, но многу е вирален, споделуван и поради тоа ви го пренесуваме:

Не е неопходно да се верува во Бог за да се биде добар човек.

Традиционалното верување во Господ е дури и некако застарено

Некој може да биде духовен, но не и религиозен.

Не е неопходно да се оди во црква и да се даваат пари

За многумина црква може да биде природата.

Некои од најдобрите луѓе во историјата не верувале во Бог, додека многумина кои верувале, правеле најлоши работи во негово име, стои во објавата со наводниот цитат на папата.

Овој цитат на папата Франциск кружи на социјалните мрежи од 2014 година, односно не е нов и непознат. Со неговата веродостојност се има занимавано сајтот за проверка на фактите Сноупс уште во декември 2014 година.

Како што пишува Сноупс, цитатот бил сметан за веродостоен од многу корисници на Фејсбук кои го споделувале, делумно поради тоа што папата Франциск беше и инклузивен и неосудувачки во неговите коментари во однос на верата, моралот и добрите дела. Виралниот цитат, исто така, на многумина им делуваше како природно продолжување на она што нашироко се сметаше за делумно прифаќање на атеизмот од страна на папата за време на неговата проповед во мај 2013 година. Тогаш зборовите на папата Франциск некои ги толкуваа во насока на тоа дека атеистите можеле да постигнат откуп преку добри дела без верба во Бога, додека други сметаа дека коментарите се однесуваат само на телесното време на Земјата и заложбите за мир, наведува Сноупс во својата анализа.

Господ нè откупи сите нас, сите нас, со крвта Христова: сите нас, не само католиците. Сите! „Оче, a атеистите? Дури и атеистите. Сите! И оваа крв нè прави божји деца од прва класа. Ние сме создадени деца по подобие божјо и Крвта Христова нè откупи сите нас. И сите имаме должност да правиме добро. И оваa заповед за секој да прави добро, мислам дека е убав пат кон мирот. Ако ние, секој работејќи си ја својата работа, ако правиме добро на другите, ако се сретнеме таму, правејќи добро и одиме полека, нежно, малку по малку, ќе ја направиме таа култура на средба: тоа ни треба толку многу. Мора да се сретнеме еден со друг правејќи добро. „Но, не верувам, оче, јас сум атеист!“ Но прави добро: таму ќе се сретнеме, е дел од проповедта на папата Франциск одржана во мај 2013 година.

По проповедта на папата Франциск,Томас Росика (портпарол на Ватикан кој е специјализиран за преведување на забелешките на папата за католиците и медиумите кои зборуваат англиски) издаде појаснување во кое се наведува дека содржината на проповедта не била наменета да сугерира дека верувањето во Бог е нематеријално за спасението.

Тоа значи дека целото спасение доаѓа од Христос, Главата, преку Црквата која е негово тело. Оттука, не можат да се спасат оние кои, знаејќи ја Црквата како основана од Христос и неопходна за спасение, би одбиле да влезат во неа или да останат во неа. Во исто време, благодарение на Христос и на неговата Црква, оние кои без своја вина не го познаваат Христовото Евангелие и неговата Црква, туку искрено го бараат Бога и, поттикнати од благодeтта, се трудат да ја вршат неговата волја, како што е познато, преку диктатите на совеста може да се постигне вечно спасение, го пренесува Сноупс појаснувањето на Росика.

И покрај претходните коментари, цитатот додаден на сликата што кружи од декември 2014 година не се совпаѓа со ниту еден проверлив коментар на папата Франциск. Иако папата Франциск даде изјави во 2013 година, кои беа широко прифатени како нетипично опфаќање на неверниците, тие не личеа на цитатот „не е неопходно да се верува во Бог за да се биде добар човек“. Не е јасно од каде потекнува цитатот, но нема доказ за тврдењето што го искажал папата Франциск, заклучува Сноупс.

Поради сето погоре, можеме да оцениме дека објавата што ја анализираме е неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција