Лажна наградна игра: Нептун не продава правосмукалки за 123 денари

Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра не е официјалната страница на Нептун, има назив: „Производи за домаќинство“ и ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за веб-страница поврзана со Нептун. За разликите од оваа  страница на официјалната страница на Нептун се наведени адресите,  веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на техниката што се продава во нивните салони, има контакт телефон и над 337 илјади следачи

Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра не е официјалната страница на Нептун, има назив: „Производи за домаќинство“ и ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за веб-страница поврзана со Нептун. За разликите од оваа  страница на официјалната страница на Нептун се наведени адресите,  веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на техниката што се продава во нивните салони, има контакт телефон и над 337 илјади следачи

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Сезона на попусти! Продажбата на правосмукалките Дајсон В11, целосно  пропадна и затоа Нептун ги продава за само 123 денари. Земете ја  анкетата и земете ја вашата правосмукалка. Кликнете на копчето подолу.

Кога корисникот на Фејсбук, измамен од лажната најава дека ќе добие правосмукалка за 123 денари, ќе кликне на копчето „аплицирај“, тогаш на  неговиот екран се појавува фотографија од правосмукалката со текст:

Честитки! Избрани сте да учествувате на промоција на Нептун. Имате  можност да купите Дајсон В11 за 123 мкд. Ако сакате да го добиете Дајсон  В11, треба да пополните анкета за да потврдите дека сте вистинска  личност. Побрзајте! Бројот на награди е ограничен!

Потоа следува „анкетата“ со прашања „Колку често чистите?“, „Дали  некогаш сте користеле „Дајсон“?“ и „Дали некогаш сте купувале од Амазон?“.  По одговарањето на овие прашања повторно ви се појавува на  екранот честитка дека сте добитник на „Дајсон“ правосмукалката.

Честитки! Освоивте Дајсон В11! Кликнете на Ок подолу за да влезете во  страницата за потврда на промоцијата. Пополнете го формуларот и  потврдете го вашето учество. Менаџерот ќе ве контактира во рок од 3 до 5 дена

Потоа се стигнува до последната фаза од лажната наградна игра, чија  единствена цел е да ги натера корисниците на социјалната мрежа Фејсбук  да ги остават своите лични податоци, кои во конкретниот случај вклучуваат име, презиме, адреса, град, телефонски број и мејл адреса.

Со цел лажна промоција на непостоечка наградна игра, злоупотребен е  брендот на маркетите за техника Нептун. Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра која, не е официјалната страница на Нептун и носи име „Производи за домаќинство“.

За разликите од оваа страница на официјалната страница на Нептун се наведени адресите, веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на техниката што се продава во нивните салони, има контакт телефон и над 337 илјади следачи.

На страницата од којашто се споделува лажната наградна игра ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за  веб-страница на поврзана со Нептун.

За целата наградна игра да изгледа поверодостојно, направена е и фотомонтажа на фотографијата, на која лажно се претставува дека во некој продажен салон на Нептун, правосмукалките наводно се нудат за 123 денари.

Трендот да се злоупотребуваат познати брендови во лажни наградни игри, за да се собираат личните податоци на граѓаните, во последно време многу зачести на социјалните мрежи. Начините на кои потоа овие лични податоци коишто граѓаните ги оставаат може да бидат злоупотребени, продадени или
користени за понатамошни промоции од дистрибутери се многубројни. Во конкретниот случај искористен е еден од честите трикови, според кои може да препознаете лажна наградна игра, а тоа е притисокот дека понудата е лимитирана и „треба да реагирате веднаш“.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција