Лажна вест за интимни контакти меѓу Заев и Боки13

Фото: скриншот од дел од постот

Поведени од клик-бејт трендот во новинарството, повеќе објави на социјалните мрежи го прават истото, со крајна цел поголем досег до читателската публика. Ги објавуваат таквите наслови и текстови и со тоа се вклучуваат во морето дезинформации. Таков пример може да се види преку рецензијата на објава на Фејсбук страната на Доказ, каде се шпекулира за односите меѓу Заев и Боки 13

Поведени од клик-бејт трендот во новинарството, повеќе објави на социјалните мрежи го прават истото, со крајна цел поголем досег до читателската публика. Ги објавуваат таквите наслови и текстови и со тоа се вклучуваат во морето дезинформации. Таков пример може да се види преку рецензијата на објава на Фејсбук страната на Доказ, каде се шпекулира за односите меѓу Заев и Боки 13

 

Пост – објава на Фејсбук страната на онлајн медиумот Доказ, шири дезинфорамација и лага во врска со односите помеѓу премиерот Зоран Заев и Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е осуден неправосилно во предметот „Рекет“, а сега е обвинет во процес кој е во тек против неговата организација „ Меѓународен сојуз“ поврзан со изнуда.

Објавата на Фејсбук е всушност пренесен текст од онлајн медиумот кој ги манипулира читателите со дезинформацијата во насловот. Текстот е со наслов кој сугерира интимна комуникација помеѓу Заев и Боки:

Боки 13 во четврток поднесува кривична против Заев?!

ГО ПЛЕСНАЛ У СПАЛНА АМА НЕ МУ ПЛАТИЛ-…

Под ваквиот наслов читателот може да прочита три-четири пасуса за тоа како се одвива текот на судењето за „Меѓународен сојуз“, но со претходна поврзаност за најавата на власта за прочистување во правосудството, по што се надоврзува информацијата дека Јовановски ќе поднел повеќе кривични пријави против високи функционери од власта.

„Токму тоа е информацијата од Јавното обвинителство, првообвинетиот Бојан Јовановски заедно со својот адвокат во четврток на 24 декември ќе се појавата во просториите на обвинителството, каде што Јовановски ќе поднесе поголем број кривични пријави против јавни функционери и највисокиот врв од власта, каде што според наши претпоставки тука се вклучени премиер, поранешни пратеници, министри и други видни личности кои се во блиска корелација со СДСМ и Заев“- се вели во текстот.

Ако се прочита текстот може да се види дека внатре нема ништо што е поврзано со насловот и што би имплицирало некаков контакт меѓу споменатите личности. Асоцијацијата во насловот е сосема јасна, со оглед на гласовите и шпекулациите за сексуалната ориентација на Бојан Јовановски. Но, бидејќи во текстот нема ниту запирка поврзана со насловот, сосема е јасно дека станува збор за „клик-бејт“ наслов и за недостаток на контекст во пост објавата.

Освен мотивот за што повеќе кликови, а бидејќи нема никаков доказ за поблиска поврзаност помеѓу Заев и Бојан Јовановски надвор од службен контакт/и, оваа информација може да се оцени и како лага.

Имено, историјата на докази изведени пред суд во случајот „Рекет“, историјата на изјави поврзани за контактите на двајцата, Заев и Јовановски, покажуваат дека нема никаква основа, дури ни за шпекулативно поткрепена информација, пласирана во насловот на текстот. Станува збор главно за доказите изведени од вештачење на мобилниот телефон на Бојан Јовановски, од каде се гледа дека тој барал но немал средба со Заев, на кого му се обраќа со Вие (што може да укаже дека станува збор за комуникација помеѓу две лица кои не се блиски). Исто така, треба да се има предвид и тврдењето на Заев кое никогаш и од никого не беше демантирано, дека со Јовановски имал средба само еднаш, која била посветена на активностите што ги планирал Боки со невладината „Меѓународен сојуз“.

Бидејќи е неспорен факт дека читателите многу често се информираат само од насловите, основано може да се тврди врз основа на аргументите изнесени погоре, дека ваквиот наслов е лага, т.е. станува збор за лажна вест, пласирана преку насловот на текстот што е постиран на Фејсбук профилот на Доказ.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција