Мајка Тереза пред 8 години е прогласена за светица, таа никогаш не била вклучена во трговија со деца

Дел од поставката во Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. Фото: Вистиномер

Мајка Тереза покрај тоа што е добитничка на Нобеловата награда за мир, во текот на својот живот за својата хуманитарна работа има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на 20 век. По нејзината смрт во 2016 година, папата Франциско ја прогласи за Светица на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе. Објавата шири и невистини за тоа дека  Мајка Тереза „продавала бебиња“. Станува збор за изолиран настан којшто се случил цели 21 година по нејзината смрт, во засолниште за невенчани мајки управувано од Мисионерките на милосрдието, редот на калуѓерки на Мајка Тереза

Мајка Тереза покрај тоа што е добитничка на Нобеловата награда за мир, во текот на својот живот за својата хуманитарна работа има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на 20 век. По нејзината смрт во 2016 година, папата Франциск ја прогласи за светица на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе. Објавата шири и невистини за тоа дека  Мајка Тереза „продавала бебиња“. Станува збор за изолиран настан којшто се случил цели 21 година по нејзината смрт, во засолниште за невенчани мајки управувано од Мисионерките на милосрдието, редот на калуѓерки на Мајка Тереза

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Мајка Тереза никогаш не била прогласена за светица, односно дека Ватикан го сопрел процесот. Ова не е вистина, таа е прогласена за светица во 2016 година.

Mora rabotite da gi isfrlame na videlina i mora da ja znaeme vistinata za mnogute skrieni raboti od site sveri.

Jas pamtam a veruvam ima i drugi da majka Tereza trebashe da bide svetica no poradi nekoi pricini Vatikan toa go odlozi  pa potoa i sopre. Sto i kako se sluci Vatikan ne se izjasni.

Ama rabotite stanuvaat  pojasni, пишува во објавата.

Скопјанката Гонџа Агнес Бојаџиу, позната во светот како Мајка Тереза, е личност со којашто С. Македонија се гордее. Најпознатата хуманитарка и мисионерка во светот, Мајка Тереза е родена токму во Скопје, а во текот на нејзиниот живот направила голем број дела за кои добила и светски признанија.

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека Мајка Тереза не станала светица. Односно дека Ватикан го одложил процесот, а потоа и го сопрел. Ова е целосна невистина.

Мајка Тереза покрај тоа што е добитничка на Нобеловата награда за мир, во текот на својот живот за својата хуманитарна работа има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на 20 век. По нејзината смрт таа беше прогласена и за светица.

По неколкугодишната борба со болест на срцето и белите дробови, Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година на 87-годишна возраст. Во знак на благодарност, индиската влада, на 13 септември, организираше погреб со највисоки државни почести.

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација. По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза која ја носела сè до нејзиното прогласување за светица, откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 г. Ватикан потврдил дека папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лечењето на човек од Бразил кој има повеќе тумори на мозокот. Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 година на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија. Свеченоста за прогласување на Мајка Тереза за светица се пренесувала во живо на ватиканската телевизија и на интернет.

Во објавата што ја рецензираме се споделува уште една невистина за Мајка Тереза. Имено, на фотографијата којашто е прикачена во рамките на објавата, прикажана е Мајка Тереза заедно со поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон, а над фотографијата на српски јазик е напишано дека Мајка Тереза била трговец со деца, дека продавала бебиња и деца, а парите ги давала на Ватикан. Ова, исто така, е голема невистина.

Тврдењето дека Мајка Тереза „продавала бебиња“ потекнува од посебен настан што се случил повеќе од 20 години по нејзината смрт, во засолниште за невенчани мајки управувано од Мисионерките на милосрдието, редот на калуѓерки на Мајка Тереза. Во 2018 година, индиски пар тврдел дека платиле 120.000 рупии (1.760 долари во тоа време) на Анима Индвар, која работела во засолништето, според индиските власти. Калуѓерката, сестра Концилија и работничката Индвар, биле обвинети дека продале четири бебиња на потенцијалните родители во прифатилиштето наречено Нирмал Хридеј, управувано од Мисионерки на милосрдието, а основано од Мајка Тереза во 1950 година. Оттаму изјавиле дека престанале да вршат посвојување деца во Индија во 2015 година и дека претходно не прифаќале пари за нивно администрирање.

Нема апсолутно никакви докази дека Мајка Тереза била вклучена во вакви активности. Ова случај бил изолиран и се случил цели 21 година по нејзината смрт. Исто така, како што кажавме и погоре во рецензијата, целосна невистина е дека Ватикан го стопирал процесот на прогласување на Мајка Тереза за светица. Напротив, папата Франциск ја прогласил за светица во 2016 година. Порди сето ова, објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција