Манипулација: Стара изјава на Пендаровски за Гоце Делчев извадена од контекст

Фото: pretsedatel.mk

Во оваа објава на Фејсбук изјавата на Пендаровски дадена пред четири години,  е намерно и тенденциозно прикажана без соодветниот контекст. Фактички, од негово интервју направено во јуни 2019 година на Алсат телевизија, извлечена е само една реченица од која погрешно се интерпретира она што го кажува претседателот. Тој во емисијата не вели дека „неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев е Бугарин“, туку  кажува дека „Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин“ , што е различно

Во оваа објава на Фејсбук, изјавата на Пендаровски дадена пред четири години е намерно и тенденциозно прикажана без соодветниот контекст. Фактички, од негово интервју направено во јуни 2019 година на Алсат телевизија, извлечена е само една реченица од која погрешно се интерпретира она што го кажува претседателот. Тој во емисијата не вели дека „неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев е Бугарин“, туку  кажува дека „Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин“, што е различно

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук, споделен е стар медиумски исечок на кој му недостасува контекст, при што се прави манипулација на изјава што ја кажал претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Перхан и неговите лудории

Козле-бозле луда глава…, пишува во објавата.

Во неа се споделува исечок од медиумски напис во чиј наслов е цитиран претседателот на државата Пендаровски. Притоа, насловот тврди дека Пендаровски кажал нешто што, всушност, не е така.

Имено, насловот споделен во објавата којашто добива огромно внимание на Фејсбук – за еден и пол ден има над 140 реакции, 115 коментари и 8 споделувања, гласи:

Пендаровски: Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев е Бугарин.

Но, ова  претставува манипулација на корисниците на социјалната мрежа, бидејќи на објавата ѝ недостига соодветен контекст. Пендаровски, всушност, нема изјавено вакво нешто со овие зборови.

Се работи за изјава на Пендаровски кажана во јуни 2019 година (пред четири години) во емисијата 360 степени на Алсат Телевизија. Тој во емисијата не вели дека „неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев е Бугарин“, туку тој вели дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, па точниот цитат е:

Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин.

Има голема разлика помеѓу тврдењето  „Гоце Делчев е Бугарин“ и „Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин“.

Фактички, само кога ќе се слушне целата изјава на Пендаровски, и тоа што го кажува пред оваа конкретна реченици и тоа што го кажува после тоа, може точно да се разбере што тој навистина мисли и да се добие целиот контекст на изјавата.

Ќе излезам надвор од мојот мандат, бидејќи во изминатите неколку недели имав интензивни консултации со луѓе кои се разбираат затоа што сум сигурен сум дека постепено ќе станува политички проблем. Тврдам дека допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку сознанија од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но дали не е историска вистина стопроцентна дека Гоце Делчев се борел за македонска држава, автономија, независна држава, па дури и на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија. Не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија, рече тогаш Пендаровски.

Претседателот во оваа изјава цитира историски информации, а не кажува свое мислење, како што се добива погрешен впечаток од споделената медиумска објава. А, според коментарите под објавата, така погрешно сфатиле и корисниците на социјалната мрежа. Вистината е дека не станува збор за тврдење на Пендаровски дека Гоце Делчев е Бугарин.

Освен тоа, Пендаровски понатаму во изјавата, исто така кажувајќи историски информации, а не свое мислење, вели дека Гоце Делчев се борел за македонската држава, автономија и независност.

Поради сите горенаведени факти сметаме дека во објавата што ја рецензираме изјавата на Пендаровски  е намерно и тенденциозно прикажана без соодветниот контекст. Извлечена е само една реченица, од која погрешно се интерпретира она што претседателот Пендаровски го кажал во интервју пред четири години.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција