Меган Маркл не носи кошула изработена кај нас

Фото: Принтскрин ФБ пост

Постот шири невистини дека Меган Маркл носи кошула од македонски бренд кој се рекламира онлајн.  Фотографијата која е искористена во постот е преземена од модното списание „Вог“ во Велика Британија, каде што е објавена уште на 8 јули 2020 година, а на неа може да се види Маркл облечена во бела кошула. Станува збор за кошула од дизајнерката Миша Ноноо

Постот шири невистини дека Меган Маркл носи кошула од македонски бренд кој се рекламира онлајн. Фотографијата која е искористена во постот е преземена од модното списание „Вог“ во Велика Британија, каде што е објавена уште на 8 јули 2020 година, а на неа може да се види Маркл облечена во бела кошула. Станува збор за кошула од британската дизајнерка Миша Ноноо

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена фотографија од Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, и тоа на страница којашто рекламира изработка на женски кошули, а во кој се вели:

Меган Маркл носи наша HRIVÉ кошула. Кошули изработени во Македонија по најповолни цени.
Понатаму во постот се рекламира брендот и се даваат податоци за цените, начинот на онлајн нарачка, а има и линк до официјалната страница за нарачки на моделите.
Меѓутоа, фотографијата која е искористена во оваа реклама од Меган Маркл не е автентична – на компанијата што ги продава овие кошули, туку е преземена од модното списание „Вог“ во Велика Британија, каде што е објавена уште на 8 јули 2020 година, а на неа може да се види Маркл облечена во бела кошула.

Модниот напис е фокусиран на кошулите коишто Маркл ги носи и кои стануваат заштитен знак на нејзиниот моден стил, на модните дизајнери и линии кои ги преферира Маркл, а во текстот се споделени повеќе фотографии за тоа како Меган ги комбинира кошулите во различни пригоди.Така, истата модна комбинација којашто е претставена во постот што го рецензираме, ја има и на фотографијата од текстот на „Вог“, но не пишува дека е од македонската компанија што се спомнува во постот. Напротив, станува збор за кошула од дизајнерката Миша Ноноо. 

Во самата сторија на „Вог,“ наведено е дека белата кошула која ја носи Маркл, е од хуманитарна модна линија од 2019 година и чини 125 фунти. За секоја  купена кошула, иста таква била донирана во организацијата Смарт Воркс која им помага на жените да ги осигураат своите работни места. Иницијативата, според написот на „Вог“, била во согласност со филантропската работа на Меган, која го поставува заедништвото на пиедесталот.

Не само што ова ни дозволува да бидеме дел од приказните на другите, туку не потсетува дека сме заедно во сите борби, изјавила Меган за британски „Вог“
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Меган Маркл носи кошула од македонскиот бренд кој се рекламира онлајн и дека таа кошула била изработена во С. Македонија. Не е познато дали македонската компанија изработува реплики од оваа кошула, меѓутоа јасно е дека Меган Маркл не носи кошула од македонскиот бренд што се рекламира со нејзината фотографија, туку од британска модна дизајнерка.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција