Meта факт: Владата само делумно ја оствари финансиската помош за родителите со ниски примања
Иако парите не се исплатени за изминатите месеци, МОН неодамна го објави и четвртиот јавен повик за финансиска поддршка на основци и средношколци од семејства чии приходи во месецот не надминуваат 50.000 денари
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Но, дел од родителите со ниски месечни примања, односно со примања кои не надминуваат 50.000 денари, иако уредно и навреме поднеле документи уште кога мерката беше најавена, сепак, не ги добиваат парите редовно секој месец на нивните сметки. Има и родители (не сите) кои добиле пари само за декември и јануари, но не и за месеците потоа. Со оглед на ваквата состојба, ова ветување на експремиерот го оценуваме како делумно исполнето.