Мисијата на САД во НАТО со иницијатива за откривање на руски дезинформации

Фото: Твитер, Мисија на САД во НАТО

Мисијата на САД во НАТО покрена иницијатива наречена „We choose facts” (Ние избираме факти), која има за цел да ги разоружи дезинформациите и пропагандата што Русија ги користи во однос на споровите со Украина, пишува Порталб.мк

Мисијата на САД во НАТО покрена иницијатива наречена „We choose facts” (Ние избираме факти), која има за цел да ги разоружи дезинформациите и пропагандата што Русија ги користи во однос на споровите со Украина, пишува Порталб.мк

 

Од Т.Б.

Мисијата на САД во НАТО оценува дека дезинформирањето е едно од најважните и најраспространетите оружја на Кремљ, а Русија го функционализираше концептот на постојана противничка конкуренција во информативниот простор преку охрабрување на развојот на екосистем за дезинформации и пропаганда. Според нив, овој екосистем е со цел стратешки да создава и шири лажни наративи, за да ги унапреди политичките цели на Кремљ.

„Вистината го разоружува руското оружје за дезинформација. Кремљ создава и шири дезинформации во обид да ги збуни луѓето за вистинските акции на Русија во Украина, Грузија и на други места во Европа. Бидејќи вистината не оди во прилог на Кремљ, руската разузнавачка служба создава, поставува и влијае на веб – страниците кои тврдат дека се медиуми за да шират лаги и да сеат недоразбирања. Дезинформациите се брз и евтин начин за дестабилизација на општествата и за поставување терен за потенцијална воена акција. И покрај тоа што многупати беше откриена вмешаност во овие злонамерни активности, Русија продолжува да работи спротивно и да ги крши меѓународните норми и глобалната стабилност“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на американскиот Стејт Департмент.

Како дел од оваа иницијатива, Мисијата на САД во НАТО објави податоци во врска со активностите преземени за ширење на руски дезинформации и пропаганда.

Помеѓу јуни и септември 2021 година, извештајот покажа дека руските тролови ширеле дезинформации во делот за коментари на 32 западни медиуми во 16 земји, вклучително и Украина. Тие објавуваат толку многу што еден профил ја сменил локацијата 69 пати и го сменил името 549 пати за да избегне откривање. Целта на троловите е да збунат и да предизвикаат раскол. Но, тие имаат друга цел. Најголемиот руски систем на дезинформации и пропаганда ги покажува нивните коментари за да го поткрепи измислениот светоглед за кој Кремљ работи да го шири.

Исто така, објавени се и некои илустрации за тоа како Русија ја искривила  вистината во одредени ситуации.

Лага:

  • Украина е агресор во руско-украинските односи.

Вистина:

  • Русија користи агресивна тактика против Украина уште од 2014 година.

Акциите што преземени од Русија досега:

  • Ја нападна Украина во 2014 година
  • Го окупираше Крим
  • Собра повеќе од 100.000 војници на украинската граница

Ова не остава сомнеж дека Русија е агресорот.

Потсетуваме дека Русија собра повеќе од 100.000 војници на границата со Украина, обиколувајќи ја од три страни, Крим на југ, руската страна на границата и Белорусија на север. Москва, во пограничната област, спроведе серија воени вежби, предизвикувајќи загриженост дека можеби се подготвува за нов напад откако, во 2014 година, Русија го нападна украинскиот полуостров Крим. Сепак, Русија засега негира дека ќе ја окупира Украина. Многу земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина.

Кремљ го повика НАТО да ги ограничи своите активности во Источна Европа и да вети дека нема да се прошири со поранешниот Советски Сојуз, во овој случај Украина. Од друга страна, како одговор на дејствијата на Русија, членките на НАТО распоредија војници и опрема во други членки, држави кои граничат со Украина.

Ако Русија ја нападне Украина, ова не би било првпат. Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година. Оваа држава исто така ги поддржува бунтовниците во конфликтите во источна Украина, во кои загинале околу 14.000 лица.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција