На Фејсбук кружат невистинити податоци за муслиманите во Британија

Фото: mon games auf Pixabay

Сите набројани градови во објавата немаат градоначалници муслимани. Градоначалникот на Бирмингем, Чаман Лаи, градоналачничката на Лидс Ал Гартвејт,  градоначалникот на Шефилд Оливер Копард, градоначалникот на Рочдејл Мајк Холи не се муслимани. Во 2020 година, Муслиманскиот совет на Британија во писмен доказ пред Комитетот за јавни услуги на лордовите рече дека во Британија има „околу 1.200 џамии“, што е  повеќе од двојно помалку од бројката наведена во објавата – 3.000 џамии. Исто така, неточни се тврди дека 78 отсто од муслиманките и 63 отсто од мажите муслимани не работат и имаат државна поддршка и бесплатно сместување

Сите набројани градови во објавата немаат градоначалници муслимани. Градоначалникот на Бирмингем, Чаман Лаи, градоналачничката на Лидс Ал Гартвејт,  градоначалникот на Шефилд Оливер Копард, градоначалникот на Рочдејл Мајк Холи не се муслимани. Во 2020 година, Муслиманскиот совет на Британија во писмен доказ пред Комитетот за јавни услуги на лордовите рече дека во Британија има „околу 1.200 џамии“, што е  повеќе од двојно помалку од бројката наведена во објавата – 3.000 џамии. Исто така, неточни се тврди дека 78 отсто од муслиманките и 63 отсто од мажите муслимани не работат и имаат државна поддршка и бесплатно сместување

 

 

На објава што кружи на социјалната мрежа Фејсбук напишани се голем број тврдења за муслиманите во Британија – од кои речиси сите се или погрешни или без поткрепа.

Објавата на почетокот тврди дека градовите Лондон, Бирмингем, Лидс, Блекбурн, Шефилд, Оксфорд, Лутон, Олдам и Рочдејл имаат муслимански градоначалници. Иако некои од нив во минатото имале муслимански градоначалник, само дел од нив имаат муслимански градоначалници моментално.

Иако религијата на градоначалниците не е секогаш јавен податок, она што знаеме е дека градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е муслиман, а и градовите Олдам и Блекбурн, исто така моментално имаат градоначалници кои се муслимани. Но, не сите набројани градови имаат градоначалници муслимани. Градоначалникот на Бирмингем, Чаман Лаи, градоналачничката на Лидс Ал Гартвејт,  градоначалникот на Шефилд Оливер Копард, градоначалникот на Рочдејл Мајк Холи не се муслимани.

Објавата тврди и дека има „над 3.000 муслимански џамии“, „Над 130 муслимански шеријатски судови“ и „Над 50 муслимански шеријатски совети“. Пребројувањето на бројот на џамии во Велика Британија е тешко, како што е и за црквите, синагогите и другите места за богослужба. Дефинициите за верските места за богослужба може да варираат од наменски изградени простории до изнајмени сали и места каде што се практикуваат повеќе религии.

Во 2018 година, како одговор на прашање во домот на лордовите, владата истакнала дека проценува дека има „1.500 џамии и молитвени сали во Англија“. Во 2020 година, Муслиманскиот совет на Британија во писмен доказ пред Комитетот за јавни услуги на лордовите рече дека во Британија има „околу 1.200 џамии“. Ова е повеќе од двојно помалку од бројката тоа што се тврди во објавата.

И шеријатските судови и шеријатските совети се однесуваат на организации формирани да донесуваат одлуки според муслиманскиот верски закон и не постои разлика помеѓу суд и совет во овој контекст. И бројката за овие организации е неточна. Идентификувани се околу 30 главни шеријатски совети, кои може да достигнат и до „најмалку 85“ кога се вклучени помалите совети и онлајн форумите. Тие не се формални судови и не можат да го отфрлат националното право.

Објавата, исто така тврди дека 78 отсто од муслиманките и 63 отсто од мажите муслимани „не работат и имаат државна поддршка и бесплатно сместување“.

Податоците од пописот од 2021 година покажуваат дека луѓето во Англија и Велс кои се идентификувале како „муслимани“ имале најнизок процент (51,4%) на вработени луѓе на возраст од 16 до 64 години. Нешто помалку од половина (48,6%) од возрасните кои се идентификувале како „муслимани“ биле вработени. Овие податоци покажуваат дека 37% од муслиманките на возраст од 16 и повеќе години биле вработени, а 60% од мажите муслимани – што значи дека бројките споменати во објавата се неточни.

Иако нема официјални податоци кои ги прикажуваат барателите на бенефиции од државата по религија, податоците од пописот покажуваат дека, меѓу домаќинствата каде што сите жители кои одговориле на прашањето за религијата се идентификувале како „муслимани“, 27,8 отсто во Англија и 24 отсто во Велс живееле во социјално изнајмени станови, но социјални станови не значи дека дека тие се бесплатни и дека имаат „бесплатно сместување“, како што се тврди во објавата.

Оваа манипулативна објава полна со невистини за кратко време достигна голема виралност, па така за еден ден има речиси 400 реакции, 13 споделувања и 39 коментари. Слични објави, со истите невистини се објавени тука, тука, тука, тука, и тука.

Поради сите набројани факти, оваа објава ја оценуваме како невистина.

Лажните или погрешните тврдења за одредени религиозни групи имаат потенцијал да им наштетат на поединци и групи. Онлајн тврдењата може да се шират брзо и далеку, а тешко е да се сопрат и поправат. Затоа, пред да споделите, проверувајте ги ваквите сензационалистички објави кои се напишани со цел да предизвикаат емотивна реакција кај корисниците на социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција