Видеото не прикажува паника од ирански напад врз Израел, туку фанови на пејач

Фото: Принтскрин видео ФБ пост

Две од трите видеа прикажани во објавата што ја рецензираме се комплетно неповрзани со иранскиот напад врз Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека првото видео не е од улиците во Израел среде иранскиот напад, туку станува збор за сосема друг настан. Видеото е снимена отспротива на хотелот Four Seasons во Буенос Аирес во Аргентина, кога обожавателите на пејачот Луј Томлинсон се собрале на улиците да го поздрават пејачот. Второто видео на кое се гледаат луѓе во близина на бензинска станица со црвен покрив,  потекнува од 13 август 2023 година, објавена на Инстаграм, што потврдува дека не е поврзана со иранскиот напад врз Израел од април годинава

Две од трите видеа прикажани во објавата што ја рецензираме се комплетно неповрзани со иранскиот напад врз Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека првото видео не е од улиците во Израел среде иранскиот напад, туку станува збор за сосема друг настан. Видеото е снимена отспротива на хотелот Four Seasons во Буенос Аирес во Аргентина, кога обожавателите на пејачот Луј Томлинсон се собрале на улиците да го поздрават пејачот. Второто видео на кое се гледаат луѓе во близина на бензинска станица со црвен покрив,  потекнува од 13 август 2023 година, објавена на Инстаграм, што потврдува дека не е поврзана со иранскиот напад врз Израел од април годинава

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:

Паника на улиците среде иранскиот напад. На социјалните мрежи корисниците споделуваат видеа од паника која настана на улиците поради навлегувањето на иранските ракети и дронови во израелскиот воздушен простор и активирањето на системот за противвоздушна одбрана.

Видеоматеријалот кој е објавен претставува компилација, односно споен видеоматеријал од три посебни видеоматеријали. На првиот се гледа толпа луѓе како трча на улица во урбана средина во близина на пешачки премин, на вториот црвени покриви најверојатно од бензинска пумпа, а на третиот материјал има експлозии во далечина покрај водна површина.

Но, како што пишуваат проверувачите на факти на повеќе светски сервиси, првото видео не е од улиците во Израел среде иранскиот напад, како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме, туку станува збор за сосема друг настан. Според проверувачите на факти на Франс прес, првата снимка од видеото е снимена отспротива на хотелот Four Seasons во Буенос Аирес во Аргентина, кога обожавателите на пејачот Луј Томлинсон се собрале на улиците да го поздрават пејачот. На социјалната мрежа Икс обожавателите тврдат дека чекале во група во надеж дека ќе го видат Томлинсон. Британскиот пејач е поранешен член на бендот One Direction.

Видеото од објавата што ја рецензираме се појави по нападот на Техеран врз Израел во април, што ги подигна тензиите на Блискиот Исток. Стотина беспилотни летала и проектили кои беа соборени, дојдоа како одговор и одмазда за смртоносниот напад од 1 април во кој беше погоден иранскиот конзулат во главниот град на Сирија, Дамаск, а за кој Иран го обвини Израел.

Граѓаните од Ерусалим бараа прибежиште додека одекнуваа експлозиите на небото. Но, снимката на која луѓето трчаат на улица во близина на пешачки премин, нема врска со тоа, пишува Франс прес.

Менаџерката на хотелот Four Seasons во Буенос Аирес во Аргентина Делфина Дапонте за Франс прес потврдила дека на снимката е прикажан имотот на хотелот кој се наоѓа во Буенос Аирес, Аргентина.

Луѓето на снимката се обожаватели кои ја чекаат славната личност која беше во хотелот пред два викенда. Нема врска со Израел, изјавила Дапонте.

До исти сознанија дошле и проверувачите на факти од Раскринкавање.

Што се однесува на второто видео во објавата што ја рецензираме, на кое се гледаат луѓе во близина на бензинска станица со црвен покрив, Вистиномер ја пронајде оригиналната снимка која потекнува од 13 август 2023 година, објавена на Инстаграм, што потврдува дека не е поврзана со иранскиот напад врз Израел.

Третото видео во објавата е автентично и навистина поврзано со настанот од април годинава. Видеото е од оперативно пресретнување на проектилите со потекло од Ирак од страна на израелската морнарица „Саар“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина. Првите две видеа во компилацијата се неповрзани со иранскиот напад врз Израел, а третото е поврзано и автентично.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција