На ова видео не е Володимир Зеленски, туку аргентинскиот танчер Пабло Акоста

Фото: Принтскрин видео

Повеќе странски проверувачи на факти објавија дека видеото не е од Зеленски туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци. Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото е во полоша резолуција, како што е случај со видеоматеријалот во оваа објава на Фејсбук, има уште поголема сличност

Повеќе странски проверувачи на факти објавија дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци. Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото е во полоша резолуција, како што е случај со видеоматеријалот во оваа објава на Фејсбук, има уште поголема сличност

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал, за којшто се тврди дека наводно го прикажува претседателот на Украина, Володимир Зеленски како игра стомачни танци во светкав костум. Во самата објава со навредливи зборови се вели:

Секогаш кога ти требаат повеќе пари, мора да им дадеш добро шоу. Мајмунот стручњак.

Објавата го промовира и наративот за лична дискредитација на Зеленски кој е присутен подолго време, а тоа е дека поранешен шоумен не може да води држава како претседател. Овој наратив се споделува наспроти јасно изразената волја на граѓаните на Украина на демократски избори да го одберат Зеленски за претседател и наспроти неговата цврста и одлучна позиција да ја брани татковината од руската неиспровоцирана инвазија.

Меѓутоа видеоматеријалот што се споделува не е од Зеленски. На оригиналното видео танцува танчерот Пабло Акоста. Видеото го објави Џош Прај на својот Инстаграм профил на 1 јуни 2023 година.

Проверувачите на факти од Тејит, Турција, пишуваат дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста.

Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото е во полоша резолуција, како што е случај со видеоматеријалот во оваа објава на Фејсбук, има уште поголема сличност.  Видеоматеријалот е споделен со цел да се исмева Зеленски и да се перципира како несериозен. Особено што видеото е споделено во период кога Украина ја спроведува контраофанзивата и во период на воена инвазија на Русија.

Проверувачите на факти на Дезинфо детектор пишуваат дека видеото почнало најнапред да се шири од руски профили на Фејсбук и Тик Ток.

Проверувачите на факти на Ројтерс, исто така, објавуваат дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци.

Веќе подолго време Зеленски на социјалните мрежи е посочуван како да е дел од видеа со забавна содржина (кои имаат за цел да го претстават како несериозен), а кои, всушност, не се од него. Таков е овој пример.

Но, има и вистинско видео каде што Зеленски е победник на шоуто Танц со ѕвездите од 2006 година.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти во видеото што се шири со оваа објава на Фејсбук е украинскиот претседател Зеленски.

 

 



 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција