НАСА не промовирала фотографија од бугарска природна знаменитост, како да е снимена на Марс

Фото: en.wikipedia.org

Фотографијата којашто е споделена во постот што го рецензираме нема никаква поврзаност со НАСА. Иако објавената фотографија од местото во Бугарија е автентична, сепак не е точно дека некогаш НАСА ја објавила за наводно да промовира, а уште помалку да шири невистини за своите сопствени мисии. Од НАСА на 6 февруари 2021 година за Франс Прес изјавиле дека фотографијата не е на НАСА и не е снимена на Марс. Фотографијата, исто така, не е на листата на медиумската библиотека на достапни фотографии и други содржини од НАСА

Фотографијата којашто е споделена во постот што го рецензираме нема никаква поврзаност со НАСА. Иако објавената фотографија од местото во Бугарија е автентична, сепак не е точно дека некогаш НАСА ја објавила за наводно да промовира, а уште помалку да шири невистини за своите сопствени мисии. Од НАСА на 6 февруари 2021 година за Франс Прес изјавиле дека фотографијата не е на НАСА и не е снимена на Марс. Фотографијата, исто така, не е на листата на медиумската библиотека на достапни фотографии и други содржини од НАСА

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во којшто се споделуваат неколку фотографии, а во описот се вели:

НАСА, лажговци од 1958. Побити Камани (бугарски: Побити камъни, „засадени камења“ ), тубуларни конкременти формирани околу „растечкиот течен столб што носи метан“ исто така познат како Камената пустина, е феномен на карпи сличен на пустината лоциран на северозападна Варна . Покраинска граница во Бугарија. Се смета за единствена пустина во Бугарија и една од ретките пронајдени во Европа.
Меѓутоа, фотографиите споделени во постот, за кои се тврди дека НАСА ги фабрикувала, не се од никаква мисија на НАСА. Агенцијата Франс Прес побарала став од НАСА за фотографијата и оттаму добиле изјава дека станува збор за дезинформација. НАСА никогаш не ја снимила посочената фотографија на нејзина мисија. Сепак, таа невистина се шири на Фејсбук уште од 2014 година, па сè до денес.

Од НАСА на 6 февруари 2021 година за Франс Прес изјавиле дека фотографијата не е на НАСА и не е снимена на Марс. Фотографијата, исто така, не е на листата на медиумската библиотека на достапни фотографии и други содржини од НАСА достапна овде.

Фотографијата што е споделена на којашто се гледаат камени столбови е снимена во Варненската област во Бугарија. Местото е заштитеноод  УНЕСКО.

„Насадени камења“ претставуваат камени столбови со различна височина од 5 до 7 метри и изгледаат како насадени во песокот и оттаму им доаѓа името. Столбовите се без цврсти основи, шупливи и пополнети со песок. За нивното потекло има многу хипотези, кои може да се поделат главно во две групи – за нивно органско и за нивно неорганско потекло. Првaта е поврзана со коралните организми. Според втората хипотеза, нивното потекло се објаснува со атмосферското влијание на карпите, односно нивната ерозија, или образувањето на песочно-варовни наслаги. За да бидат заштитени, во 1937 година се прогласени за природна знаменитост.

Фотографијата е објавена на блогови кои се фокусираат на патувањето и е од Побити Камани. Карпестата формација е иста со онаа на Јутјуб видеата за Побити Камани.

Истата локација ја има и на страницата за совети за патување Tripadvisor.

Гугл мепс исто така покажува слична карпеста формација на локалитетот Побити Камани.

На следниот линк има фотографии официјално објавени од НАСА за истражувањето на Марс, но таму воопшто ја нема сликата од бугарскиот локалитет .

Можам да потврдам дека ова не е фотографија на НАСА од Марс, вели за проверувачите на факти Чек Јоур Фект, портпаролот на Глен истражувачкиот центар Џен Витри.

Ју Ес Еј Тудеј, исто така, потврдува дека фотографијата која е споделена и во постот што го рецензираме нема никаква поврзаност со НАСА. Иако објавената фотографија од местото во Бугарија е автентична, сепак не е точно дека некогаш НАСА ја објавила за наводно да промовира, а уште помалку да шири невистини за своите сопствени мисии. Фотографијата  официјално никогаш не се појавила со логото на НАСА.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека НАСА промовирала фотографија од бугарска природна знаменитост, со лажен опис дека е од Марс.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција