Насловот за една тема, текстот за друга!

Фото: скриншот од дел од објавата

Со помош на трик, високо интересен наслов, во пост на Фејсбук се пласира содржина која што може да се оцени како содржина со пропуштен контекст. Имено, текстот и насловот не кореспондираат и читателите се доведуваат во заблуда, иако не може да се детектира невистина

Со помош на трик, високо интересен наслов, во пост на Фејсбук се пласира содржина која што може да се оцени дека е со пропуштен контекст. Имено, текстот и насловот не кореспондираат и читателите се доведуваат во заблуда

 

Рецензираме објава на Фејсбук во која што е прикачен текст со наслов ,,Прв случај на лице по третпат заразено со ковид во Македонија”.

Меѓутоа, кога ќе се кликне во содржината, таа не соодветствува со објавеното во насловот, односно она што е навестено во насловот и она што е објавено во текстот се однесуваат на две различни работи. Насловот е за прв човек во земјава кој се заразил од ковид по третпат, а текстот се однесува на состојбата на децата и ковид во земјава, хоспитализации на деца, ширење на корона вирусот внатре во училиштата откако учебната година почна со физичко присуство.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје заклучно со 24 август, точно е дека во земјава имало случаи на реинфекција, од кои што, кај еден граѓанин, регистрирано е трето заразување со корона вирусот.

Заклучно со 22.08.2021 вкупно се регистрирани 351 реинфекција (една втора реинфекција), пишува во извештајот. Значи насловот е точен, но тоа што текстот не кореспондира со насловот, во заблуда ги доведува читателите (што е евидентно и од коментарите кои се прилично насочени кон оваа дискрепанца).

Фактот што насловот и текстот не кореспондираат, може да го заведе овој текст и во оние со кликбејт наслови, кои што се прават како манипулативна тактика за прибирање на поголем интернет сообраќај на содржините на сајтовите, што се прави на нечесен начин. Кога ќе кликне на текстот, читателот се чувствува измамен, затоа што таму не го наоѓа она кое му е ветено во насловот.

И содржината на насловот и содржината на текстот содржат точни факти. Но, тие точни факти се ставени во една целина и тоа прави овој пост да го оцениме како пост во кој се пропушта контекстот, затоа што на читателот му се најавува едно, а чита друго. Насловот во новинарскиот производ треба да е кратка најава за содржината на текстот, која информира и навестува што ќе се чита во текстот. Но, во случајот тоа што е споменато во насловот, воопшто не е ниту со една реченица споменато во текстот!

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција