Не е точно дека ексукраинската мисица се вклучува во борбите во Украина
Порнешната мис на Украина, Анастасија Лена на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира со автоматска пушка, но тоа не значи дека таа се приклучила на украинската армија. Анастасија Лена објавила фотографии на својот инстаграм профил само за да ги инспирира своите сонародници. „Јас не сум војник, само жена, само обичен човек како и сите луѓе во мојата земја“, напиша таа на Инстаграм

Запознајте ја Мис Украина, Анастасија Лена. Анастасија беше крунисана за победничка на националниот натпревар во 2015 година, но манекенката го замени својот гламурозен начин на живот за да го стави своето тело на борбена линија за Украина.Украина има 36.000 жени кои служат во војска. И тие се борат со срцето„Ги оставам штиклите и гламурот да ја бранам нејзината земја, дури и ако тоа ја чини сопствен живот, таа е воена и иако беше без служба, реши повторно да се приклучи на армијата за да се бори за мирот и слободата на нејзината нација“ (Мис Украина, Анастасија Лена), се вели во постот што го рецензираме
Јас не сум војник, само човек.Јас не сум војник, само жена, само обичен човеккако и сите луѓе во мојата земја.Сите фотографии на мојот профил сè за да ги инспирираат луѓето…, напиша поранешната мисица Лена.
Со оглед на тоа што фотографиите споделени во текстот што го рецензираме, претставуваат само фотографии со кои таа направила обид да ги мотивира и инспирира своите сонародници, оценуваме дека не е вистина дека поранешната мисица на Украина Анастасија Лена, одговорила на поканата на официјален Киев за регрутирање и дека се придружила на украинската армија.
Дезинформацијата го обиколи светот и беше рецензирана од проверувачи на факти во повеќе држави.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар