Не е точно дека се најавувала блокада на половина Скопје поради безбедносна вежба

Фото: skopje.gov.mk

Предупредувањето што се споделува во оваа објава на Фејсбук: „утре не возете во Скопје ако не морате“, е неосновано и преувеличено. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека квалификацијата оти половина Скопје било блокирано во сообраќајот, не соодветствува на реалната слика за она што се случувало на терен. Наспроти изнесеното во постот, вежбата траела само неколку часови, а не цел ден и за сообраќај биле затворени улиците „Лазар Личеновски“, „Самоилова“ и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8 Септември“ во Скопје 

Предупредувањето што се споделува во оваа објава на Фејсбук: „утре не возете во Скопје ако не морате“, е неосновано и преувеличено. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека квалификацијата оти половина Скопје било блокирано во сообраќајот, не соодветствува на реалната слика за она што се случувало на терен. Наспроти изнесеното во постот, вежбата траела само неколку часови, а не цел ден и за сообраќај биле затворени улиците „Лазар Личеновски“, „Самоилова“ и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8 Септември“ во Скопје

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се информира за сообраќаен режим кој ќе настапи во главниот град, но тоа е направено несоодветно, односно со преувеличување. „Доколку не е неопходно, не движете се утре низ Скопје“, гласи описот под кој се споделува вест соследниот наслов:

Подгответе се: Утре пола Скопје ќе биде блокирано, ќе има безбедносна вежба

Потоа во текстот се објаснува дека „утре (се мисли понеделник, 16 мај 2022), од 9 до 12 часот и 30 минути, Амбасадата на САД во Скопје, ќе спроведе целосна безбедносна вежба во просториите на својата зграда и околината“. Според написот, вежбата ќе се изведува во партнерство со Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт. Амбасадата ги известува граѓаните дека непосредно пред почетокот на вежбата МВР ќе ги затвори патиштата кои водат до Амбасадата.

Им благодариме на сите граѓани за разбирањето и трпението додека спроведуваме вежби кои помагаат да се зголемат вештините на Амбасадата и безбедносните сили на Северна Македонија, се вели во написот.

„Вистиномер“ се обрати во Министерството за внатрешни работи со прашање дали е вистина дека сообраќајот во половина Скопје бил блокиран на денот на оваа вежба. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека квалификацијата дека половина Скопје било блокирано во сообраќајот, не соодветствува на реалната слика за она што се случувало на терен.

Воопшто не може да се каже дека блокирано било половина Скопје, ниту пак, најавата од МВР за настанот беше таква. Точно и прецизно во соопштение за јавноста еден ден пртходно МВР ги наведе  улиците кои ќе бидат затворени за сообраќај, со цел транспарентно и навремено информирање на јавноста. Сообраќајот беше пренасочуван во периодот на вежбата но далеку од тоа дека може да се каже дека половина Скопје било блокирно, вели Ангеловски.

Неговата изјава е поткрепена и со официјалното соопштение на МВР упатено до јавноста еден ден пред да се одржи вежбата кое гласи:

Известување за посебен режим на сообраќај во Скопје на 16 мај (понеделник).

На 16.05.2022 година (понеделник), во периодот од 09.30 до 12.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Лазар Личеновски“, ул.„Самоилова“ и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8 Септември“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива вежбата.

Од ова соопштение воопшто не произлегува наведеното во постот, односно воопшто не се апелира возачите доколку не мораат, да не возат дента во Скопје. Напротив, се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвивива вежбата.

Освен тоа, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, вежбата траела само неколку часови, а не цел ден, така што предупредувањето „утре не возете во Скопје ако не морате“ е неосновано и преувеличено.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека „половина Скопје ќе биде блокирано поради безбедносна вежба“.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција