Не е вистина дека десетици лекари од Канада биле убиени од ковид вакцините

Фото: Принтскрин видео

Тврдењата во објавата дека десетици лекари во Канада умреле „ненадејно и неочекувано“ од ковид вакцините, односно дека биле убиени, е невистина. Оваа информација ја имаат дебанкирано неколку светски сервиси за проверка на фактите. Според нивните проверки за смртта на дел од лекарите, тие починале од сосема други причини кои немале никаква врска со вакцините

Тврдењата во објавата дека десетици лекари во Канада умреле „ненадејно и неочекувано“ од ковид вакцините, односно дека биле убиени, е невистина. Оваа информација ја имаат дебанкирано неколку светски сервиси за проверка на фактите. Според нивните проверки за смртта на дел од лекарите, тие починале од сосема други причини кои немале никаква врска со вакцините

 

 

Анализираме објава на Фејсбук во која се врти видео кое прикажува алармантна слика за вакцините против ковид-19, сугерирајќи дека тие предизвикале смрт на десетици канадски лекари:

Убиени доктори од ковид вакцина, тврди објавата која споделува и видео на кое се вртат фотографии од доктори наводно од Канада кои починале „ненадејно и неочекувано“.

 

Оваа дезинформација не е нова и за неа имаат пишувано повеќе светски сервиси за проверка на фактите како Политфакт, Ројтерс, АП, ААП.

Во фокусот на видеото закачено во објавата е насловната страница на изданието на Друтерс од ноември 2022 година, канадска публикација која, според извештатите во медиумите, шири дезинформации против вакцините и теории на заговор за ковид-19.

Првиот главен наслов на Друтерс во ова издание гласел: „80 канадски лекари вакцинирани и мртви“. Приказната, пак, сугерирале дека секое од прикажаните лица починало поради ковид-вакцината.

Приказната тврдела дека стапките на смртност кај младите, вакцинирани канадски лекари „драматично се зголемија“ во 2022 година. Вакцините за ковид-19 не биле прецизно спомнати, но тврдењата го следат трендот на дезинформации за вакцините насочени кон коронавирусот и ковид-вакцините, пишува Политфакт.

Приказната ја придружува низа од фотографии кои доколку ги погледнете, ќе видите дека станува збор за истите фотографии прикажани во објавата која е предмет на нашата анализа.

Политфакт подетално ги разгледал околностите на смртта на неколку лекари кои Друтерс ги идентификувал и не нашол докази кои сугерираат дека вакцините против ковид-19 се причина.

Јавно достапните информации покажаа дека неколку од смртните случаи на лекарите се поврзани со болести како рак или други сериозни несреќи, пишува Политфакт. На пример:

  • Д-р Ричард Картие (60) починал во јули додека се спушташе од К2, втората највисока планина во светот. CTV News Montreal објави дека „се верува дека паднал додека се спуштал со својот тим алпинисти откако стигнал до кампот 4 на 7.600 метри“.
  • Д-р Барбара Синтија (42) починала на 20 јуни 2021 година, по „борба против редок, агресивен сарком“, според нејзиниот некролог.
  • Д-р Анабела Изабела Завада (43) загинала во судир на автопат на 21 октомври 2021 година, откако „нејзиниот СУВ ја премина централната линија и се судри со комерцијален вакум камион што доаѓаше“, според TBNewsWatch, локална новинска организација што го покрива Тандер беј, Онтарио.
  • Нелија Шеерс, 24-годишна студентка по медицина на трета година на Универзитетот во Лимерик, загинала во сообраќајна несреќа на 16 август 2021 година во Ирска. Шеерс „се возела дома од нејзиниот прв ден на работа во ординацијата во Ликснау кога нејзиниот автомобил се судрил со камион кај Поупс Крос“ и била прогласена за мртва на местото на настанот, објави „Ајриш тајмс“.
  • Д-р Синтија Вонтобел Падоин (44) починала на 21 декември 2021 година, откако претходно ѝ бил дијагностициран малигнен меланом за кој „најтешко се бореше за да го надмине“, се вели во нејзиниот некролог.

Политифакт веќе ги проверувал тврдењата за смртта на уште тројца лекари кои биле прикажани на насловната страница на Друтерс. Пред да починат, на д-р Јакуб Савицки и на д-р Стивен Мекензи претходно им бил дијагностициран рак, а д-р Лорн Сегал бил тешко болен со неоткриена дијагноза.

Нивната смрт не била поврзана со вакцините против ковид-19, болницата во која работеле лекарите ги негирала тие тврдења.

Д-р Јакуб Савицки, д-р Стивен Мекензи и д-р Лорн Сегал беа почитувани лекари кои го посветија својот живот на грижата за своите пациенти и Заедницата. Гласините што кружат на социјалните мрежи едноставно не се вистинити. Нивната смрт нее е поврзана со вакцините против ковид-19, информирале од болницата.

За овие тројца лекари пишувал и Ројтерс.

„Умреа ненадејно“, е фраза која стана особено привлечна за употреба кај теориите на заговор против вакцините. „Умреа ненадејно“, филм против вакцините објавен во ноември, рециркулираше разоткриени тврдења и промовираше неосновани теории на заговор за вакцините ковид-19.

Вистиномер во повеќе наврати има пишувано дека ковид-вакцините не предизвикуваат смрт и има дебанкирано неколку информации на оваа тема.

Од сето погоре можеме да заклучиме оти тврдењата во објавата дека десетици лекари во Канада умреле „ненадејно и неочекувано“ од ковид-вакцините, односно дека биле убиени, е лага. Оваа информација ја имаат дебанкирано неколку светски сервиси за проверка на фактите. Според нивните проверки за смртта на дел од лекарите, тие починале од сосема други причини кои немале никаква врска со вакцините. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција