Не е вистина дека хемотерапијата агресивно се спроведува врз луѓето

Фото: Bild von Steve Buissinne auf Pixabay

Иако хемотерапијата е ефективен начин за да се третираат многу видови на карцином, таа со себе носи и ризик од несакани ефекти. Некои несакани ефекти од хемотерапијата се благи, но други може да предизвикаат сериозни компликации. Ама тоа не значи дека хемотерапијата агресивно се спроведува врз луѓето, со оглед на тоа што таа се прима со претходна согласност од пациентот, односно доколку тој реши да не ја прими, никој агресивно не го принудува на тоа. На пациентите им се објаснуваат бенефитите и ризиците од хемотерапијата, којашто се употребува уште од 1940 година

Иако хемотерапијата е ефективен начин за да се третираат многу видови на карцином, таа со себе носи и ризик од несакани ефекти. Некои несакани ефекти од хемотерапијата се благи, но други може да предизвикаат сериозни компликации. Ама тоа не значи дека хемотерапијата „агресивно се спроведува врз луѓето.“ Таа се прима со претходна согласност од пациентот. Доколку тој реши да не ја прими, никој агресивно не го принудува на тоа. На пациентите им се објаснуваат бенефитите и ризиците од хемотерапијата, којашто се употребува уште од 1940 година

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Ужас! Шокантни сознанија. Хемотерапијата – труење кое агресивно се спроведува врз луѓето.

Хемотерапијата подразбира аплицирање лекови во вена или орално, чија цел е уништување на канцер клетките, при што најчесто се комбинираат повеќе цитостатски препарати со различен механизам на дејство. Според „Мејо“ клиниката, хемотерапијата најчесто се користи за да се третира карцином, поради тоа што клетките на ракот растат и се размножуваат многу побрзо отколку најголемиот дел од клетките во телото. Многу различни лекови за хемотерапија се достапни. Тие може да се користат самостојно или во комбинација за да се третираат различни видови карциноми. Иако хемотерапијата е ефективен начин за да се третираат многу видови на карцином, таа со себе носи и ризик од несакани ефекти. Некои несакани ефекти од хемотерапијата се благи, но други може да предизвикаат сериозни компликации.

Ефектите од хемотерапијата може да бидат значајни. Секој лек има различни несакани ефекти и не секој лек го предизвикува секој несакан ефект. „Мајо“ Клиниката препорачува консултација со лекар за конкретните лекови што пациентот ги прима. Чести несакани ефекти од хемотерапијата се повраќање, дијареа, губење на косата, губење на апетитот, замор, треска, рани во устата, болка, крвавење, лесно модреење итн.

Хемотерапијата се користи во лекувањето на карциномот уште од 1940 година, а голем развој доживува во седумдесеттите години благодарение на откривањето на многу нови лекови.

Хемотерапијата може да има несакани ефекти, но она кое е императив е дека пациентот пред да ја прими дава согласност. Односно, докторите му ги објаснуваат ризиците наспроти бенефитите и тој носи одлука. Без согласност на пациентот не може да се ординира хемотерапија. Сите пациенти ги запознавам со процентот на преживување и ефикасност на лекот во поглед на намалување на прогресијата на болеста и тој самиот носи одлука. Ништо не се прави агресивно или надвор од волјата на пациентот, изјави за „Вистиномер“ доктор Милан Ристевски, онколог. 

Според Државниот завод за статистика во 2022 година, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, а потоа се случаи кај кои причина за смртта се јавуваат неоплазмите.

Постојат повеќе извори кои потврдуваат дека хемотерапијата може да се нарече токсична.  Mеѓутоа не е точно дека таа агресивно се спроведува врз луѓето, туку на пациентите им се објаснуваат сите можни несакани ефекти, им се дава време да одлучат дали ќе ја примат или не, им се објаснуваат бенефитите од хемотерапијата наспроти ризиците, така што никаква агресија во нејзината примена не постои. Таа е насочена кон малигните клетки односно нивното уништување што е во насока на лекување на тешката болест карцином. Има разни видови на хемотерапија и не секоја од нив произведува исти несакани ефекти.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека хемотерапијата агресивно се спроведува врз луѓето.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција