Не е вистина дека Шведска го прогласила сексот за официјален спорт

Фото: скриншот од дел од објавата

Неодамна на интернет вирално се прошири бизарно тврдење дека Шведска го прогласила сексот за спорт и дека организира турнир. Централното спортско тело на Шведска неколку пати ја демантираше таа вест, иако постоела апликација од еден субјект да биде регистриран како спортска федерација

Неодамна на интернет се прошири бизарно тврдење дека Шведска го прогласила сексот за спорт и дека организира турнир. Централното спортско тело на Шведска неколку пати ја демантираше таа вест, иако постоела апликација од еден субјект да биде регистриран како спортска федерација 

 

На вирална oбјава на социјалната мрежа Фејсбук споделен е линк од медиумски напис кој тврди дека Шведска го прогласила сексот за спорт и дека е домаќин на првото Европско првенство во секс. Ова не е точно.

Шампионатот почнува на 8 јуни, а учесниците ќе се натпреваруваат во следните дисциплини: заведување, орален секс, пенетарција, број на оргазми, предигра и др.

Неодамна на интернет вирално се прошири бизарно тврдење дека Шведска го прогласила сексот за спорт и дека организира турнир. Сепак, шведското спортско тело го демантираше постоењето на таков настан.

Според медиумските извештаи, Шведска станала првата земја која го признала сексот како спорт и треба да одржи првенство за секс. Во написите се наведува дека земјата стана првата нација која го регистрирала сексот како спорт и дека исто така ќе го одржи првото Европско првенство за секс во Гетеборг на 8 јуни.

Драган Братиќ е името на човекот кој стои зад формирањето на здружението. Водел неколку стриптиз клубови во областа Јонкопинг – и сега сака сексот да се класифицира како спорт. Затоа, во јануари поднел барање да стане член на Националната спортска конфедерација.

Регистрирани сме, имаме број на организација и сосема е во ред да тренираме и да се натпреваруваме во секс, бидејќи тоа е спорт како и секој друг, изјави Братиќ за P4 Jönköping.

Според него, вклучувањето на сексуалната ориентација како дел од спортските тактики ќе биде револуционерен развој меѓу европските земји.

Исто како и секој друг спорт, за да се постигнат посакуваните резултати во сексот потребен е тренинг. Затоа, логично е луѓето да почнат да се натпреваруваат и во овој домен. Според Братиќ, препознавањето на сексот како спорт било неизбежно.

Сепак, вистината не е баш таква.

Според извештајот објавен во Гетеборг-Постен, портал за вести со седиште во Гетеборг, шведската спортска конфедерација (Riksidrottsförbundet – RF) – чадор организација задолжена за поддршка и развој на спортот во Шведска – во април објави појаснување дека апликацијата од Шведската сексуална федерација била одбиена, бидејќи била нецелосна и не исполнувала одредени услови.

Дури и тогаш, претседавачот на РФ во заминување, Бјорн Ериксон, изразил сомневање за целта на оваа апликација.

Станува збор за постапка со која се сака да се постигне внимание. Нема да ги исполнат нашите барања и можам да ве информирам дека оваа апликација ќе биде одбиена. Имаме други работи, изјави тој.

Откако РФ ја обработиле апликацијата преку соопштение за медиумите објавиле дека е одбиена. Главната причина за тоа е што апликацијата не била комплетна.

Шведската сексуална федерација навреме поднесе барање за членство во Националната спортска конфедерација. Поради фактот што апликацијата беше некомплетна, на здружението апликант му беше наложено да ја дополни апликацијата и на тој начин да ги отстрани недостатоците. Здружението апликант не го исполни барањето и недостатоците се такви што апликацијата не може да се испита суштински (материјално) во согласност со барањата што следуваат од поглавјето 10, член 2 од Статутот на РФ. Затоа, барањето мора да биде одбиено без мериторно испитување, се вели образложението.

Ана Сецман, портпарол на Шведската спортска конфедерација, во писмена изјава од Стокхолм за Дојче Веле вели дека „сите овие информации се лажни“.

 Во моментов во некои меѓународни медиуми се шират лажни информации за Шведска и шведскиот спорт. Енергично ги негираме. Не постои сексуална федерација која е членка на Шведската спортска конфедерација, вели таа.

Според сите наведени факти, заклучуваме дека не е точно тврдењето дека сексот е официјален спорт, регистриран во националната спортска асоцијација на Шведска.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција