Не е вистина дека Софијанова во интервју открила кој му ги дал документите на Фуркан Салиу

Фото: Принтскрин видео

Наспроти изнесеното во постот и во насловот од текстот што се споделува, ниту во самиот текст (содржинскиот дел), ниту пак, во атрибуираното интервју на Софијанова за Топ Тема на Телма, таа не открива кој му ги дал документите на новинарот Фуркан Салиу. Таа во интервјуто спори дека документите биле прибавени на начин којшто не вклучувал официјално барање преку архивата на болницата, односно дека документите биле дадени без архивско бројче. Но, во ниеден момент не открива кое лице му ги дало на новинарот

Наспроти изнесеното во постот и во насловот од текстот што се споделува, ниту во самиот текст (содржинскиот дел), ниту пак, во атрибуираното интервју на Софијанова за Топ Тема на Телма, таа не открива кој му ги дал документите на новинарот Фуркан Салиу. Таа во интервјуто спори дека документите биле прибавени на начин којшто не вклучувал официјално барање преку архивата на болницата, односно дека документите биле дадени без архивско бројче. Но, во ниеден момент не открива кое лице му ги дало на новинарот

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува напис во чиј наслов се вели:

Најнова вест: Софијанова откри кој му ги даде документите на Фуркан Салиу.

Во текстот е прикажан подолг извештај од гостувањето на ексдиректорката на Детската клиника доктор Аспазија Софијанова, во емисијата Топ Тема на Телма, каде таа зборуваше на повеќе теми поврзани со нејзината работа на Детската клиника во периодот додека таа беше директорка. Дел од опфатените аспекти на интервјуто беа и парите за дежурства кои Софијанова ги врати во касата на Клиниката, откако се утврди дека била во странство во Словенија, а административната служба на болницата ги водела тие часови како дежурства (според објаснувањето на  Софијанова за случајот).

Наспроти изнесеното во насловот од текстот, ниту во текстот, ниту пак, во атрибуираното интервју на Софијанова за Топ Тема на Телма, таа не открива кој му ги дал документите на новинарот Фуркан Салиу. Таа во интервјуто спори дека документите биле прибавени на начин којшто не вклучувал официјално барање преку архивата на Болницата, односно дека документите биле дадени без архивско бројче. Но, во ниеден момент не открива кое лице му ги дало на новинарот.

Тоа може да се види и од оригиналната снимка од цитираното интервју. 

На 33 минута и 30 секунда од видеото од интервјуто новинарката Снежана Лупевска ја прашува Софијанова:

Откривте ли додека бевте на функција како протекле документите?

Софијанова на ова одговара:

Јас открив, да.

Потоа новинарката прашува:

Се поведе ли дисциплинска постапка дека се одлеваат документи? Видете ние новинарите многу сакаме некој да ни даде документи.

Софијанова после ова воопшто не споменува кој ги дал документите како што се тврди во насловот од текстот и во постот што го рецензираме.

Во дел од коментарите под постот, корисниците на социјалните мрежи велат дека не е важно воопшто кој ги дал документите, од што произлегува дека и тие мислат дека во текстот (кој најверојатно не го прочитале) се наведува изворот на документите, што не е случај. Ниту во самиот напис ниту во оригиналното интервју не се дава таква информација. Дури и Софијанова да знае кој му ги дал документите на новинарот, сепак тоа јавно не го има откриено, а уште помалку во конкретното интервју.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме, во делот на насловот го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција