Не е вистина дека Вања Ѓорчевска била пронајдена во соседна држава

Вистиномер се обрати до Министерството за внатрешни работи, каде демантираа дека Вања е пронајдена и ни изјавија дека станува збор за дезинформација. Мајката на девојчето во телефонски разговор ни рече дека до овој момент нема информација дека нејзината ќерка била пронајдена во соседна држава и дека станува збор за невистина

Вистиномер се обрати до Министерството за внатрешни работи, каде демантираа дека Вања е пронајдена и ни изјавија дека станува збор за дезинформација. Мајката на девојчето во телефонски разговор ни рече дека до овој момент нема информација дека нејзината ќерка била пронајдена во соседна држава и дека станува збор за невистина

 

Попладнево повеќе портали во земјава објавија невистинита информација дека наводно девојчето Вања Ѓорчевска   (14),  кое исчезна во Дебар Маало во Скопје во понеделникот, додека се движела кон основното училиште ,,Ј.Х. Песталоци”, наводно била пронајдена во соседна држава.

Девојчето не е пронајдено до моментот на објавувањето на оваа рецензија, иако МВР презема обемни активности и потрагата е во тек. Вистиномер се обрати до Министерството за внатрешни работи, каде демантираа дека Вања е пронајдена и ни изјавија дека станува збор за дезинформација. Мајката на девојчето во телефонски разговор ни рече дека до овој момент нема информација дека нејзината ќерка била пронајдена во соседна држава и дека станува збор за невистина.

Текстот првично го објави сајтот Курир со наслов НЕОФИЦИЈАЛНО Курир дознава: „Вања е пронајдена во соседна држава“. Во текстот пишуваше дека

Курир неофицијално дознава оти 14-годишната Вања Ѓорчевска е пронајдена во една соседна држава. Според наши извори од истрагата Вања е пронајдена жива и здрава! Официјална потврда побаравме од МВР но до овој момент тие не одговараат на нашите повици.

Потоа истиот текст со атрибуција на Курир го преземаа други портали.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Вистиномер изјави дека се работи за дезинформација и дека МВР подготвува демант за истата.

Инаку, членот 1 од кодексот на новинарите претполага новинарите да објавуваат точни и проверени информации. Со објавувањето на ваквата дезинформација се нанесува штета како на семејството на девојчето така и на целокупната истрага и довербата во институциите.

Поради сите горенаведени факти објавите ги оценуваме како невистинити.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција