Не постои „План на Новиот светски поредок“ за следните 13 месеци

Фото: скриншот од дел од постот

Манипулациите и лагите со наводен план на т.н. Нов светски поредок (The New World Order Plan) не престануваат и покрај многубројните демаскирања што досега се направени од серозни светски и домашни сервиси за проверки на факти

Манипулациите и лагите со наводен план на т.н. Нов светски поредок (The New World Order Plan) не престануваат и покрај многубројните демаскирања што досега се направени од серозни светски и домашни сервиси за проверки на факти

 

Таква дезинформација е објавена неодамна во пост на македонски јазик на Фејсбук и добива голема виралност и покрај фактот дека нема ниту еден доказ за тој некаков фамозен план.

Во пост објавата се вели:

“Планот” за следните 13 месеци.
Бујрум.

До ваквата објава е прикачена фотографија на која се прикажува документ со наслов „Планот на новиот светки поредок“, со поднаслов „12/20 до 12/21“.

На фотографијата од документот можат да се прочитаат повеќе тврдења наредени во точки, како што се: Декември 20 – полни болници во секоја земја; Јануари 21 – Целосно затворање, сите работни места се запрени, сите бизниси се прекинати; Февруари 21 – Реформа на сите бенефиции; Март 21 – Нова инфекција од Ковид 21, поинаков вирус (многу посмртоносен од Ковид 19); Април 21 – Болниците не можат да се справат. Вакцината за Ковид 19 е достапна; Мај 21 – Владите воспоставуваат нова структура на платите за работниците, вклучувајќи и нова минимална плата; Јуни 21 – Продавниците не можат да ги добијат вообичаените количини. Локални протести се случуваат секаде. Армииите воспоставуваат во секое населени место контролни точки;…се до Ноември 21 – Ковид 19&21 станува задолжителна и Декември 21 – Ковид пасошите се замнети со Здравствени пасоши и биваат прифатени како нормален начин на живот.

 

ВЕЌЕ ВИДЕНА ВАРИЈАЦИЈА НА ТЕМА

Ваквите објави на социјалните мрежи или на специјализирани сајтови за теории на заговор не се ништо ново во светот. Ако се пребара преку некој од интернет пребарувачите терминот „Нов светски поредок“, прво што се појавува се појаснувања за оваа теорија на заговор, како во овој пример тука. А, ако се продлабочи истражувањето, ќе се види дека постојат во поново време два периода на овие теории на заговор – пред Ковид-19 пандемијата и потоа.

Пред пандемијата овие теории на заговор се проследени и со сериозни публикации и книги, кои и денес можат да се порачаат преку специјализирани сервиси, како што е „Нов светки поредок: Древен план на тајните друштва“. Пост-пандемиските теории се поврзуваат со предизвиците што произлегуваат од пандемијата и со изјавите на големи светски лидери дека станува збор за најголем предизвик во современата цивилизација и дека е одново време за нов светски поредок.

Во претпандемискиот период еден од главните извори за манипулацјата со т.н. нов светски поредок послужија Обединетите нации, чии два документа, две агенди донесени во различно време (1992 г. и 2015 г.), Агенда 21 и Агенда 2030, а кои се однесуваат единствено на одржлив развој и на заштита од климатските промени, се целосно исфабрикувани во фотографии од документи кои наводно се направени од некоја невидлива светска влада која воспоставува Нов светски поредок.

Ваквите манипулации кои се повторуваат сега во времето на пандемијата се Ковид-19, се веќе разобличени од сериозни светски сервиси за проверки на факти, како што е овој на „Ју-Ес Еј Тудеј“ или на Агенцијата Франс прес, а разобличувани се и во регионот. Истиот феномен на ширење вакви дезинформации и лаги е проверуван и разобличуван и од „Вистиномер“ (види ТУКА и ТУКА).

Според тоа, постот што го рецензираме дефинитивно е дезинформација. Фотографијата од документот што е прикачен да ја потврди дезинформацијата нема наведен извор и неговото потекло. Со неговото бјавување се шири паника и страв во јавноста.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција