Јазици MK SQ EN
  • За Вистиномер
  • Kонтакт
  • Методологија
  • Корекции и појаснувања
  • Напредно Пребарување

Publisher Publisher - Holds you accountable!

  • Насловна
  • Ветувања
  • Контраспин
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ
  • Анализи
  • Изјави
  • Инфо
  • Контекст
  • Ресурси
    • Регион
    • Досиеја
      • Прислушкуваните Разговори
      • Сите истраги на СЈО
    • Биографии
      • Влада на РМ
      • Градоначалници
      • Останати
    • Апликации
      • Гласомер
      • Политички Спектар
      • Времеплов
      • Партиски ветувања – веб верзија
      • Партиски ветувања – Андроид верзија
    • Документи
Truthmeter
  • Насловна
  • Не постои вакцина против кардиоваскуларни заболувања, иако има обиди таа да се создаде

Не постои вакцина против кардиоваскуларни заболувања, иако има обиди таа да се создаде

Од Екипа на Вистиномер On Sep 20, 2023 0

Во објавата која ја рецензираме се пропушта контекстот. Не постои вакцина против кардиоваскуларни болести за да може да биде администрирана на населението како што тоа беше случај со вакцината против ковид 19. Во текст на Гардијан од 8 април 2023 година пишува дека до крајот на деценијата можно е да има вакцина против срцеви заболувања.

Во објавата која ја рецензираме се пропушта контекстот. Не постои вакцина против кардиоваскуларни болести за да може да биде администрирана на населението како што тоа беше случај со вакцината против ковид-19. Во текст на Гардијан од 8 април 2023 година пишува дека до крајот на деценијата можно е да има вакцина против срцеви заболувања

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

На светско ниво имаат „починато“ официјално 7 милиони луѓе од ковид-19. Имаше бесплатни вакцини. Од кардиоваскуларни болести имаат починато многу повеќе (повеќе од 50 проценти од вкупниот број на смртни случаи се од кардиоваскуларни болести) но бесплатни вакцини нема! А зошто?

Во овој пост се објавува невистинита фотографија која е графички обработена односно, на неа невистинито е прикажано апсење на македонскиот лекар, професор доктор Вело Марковски. И покрај тоа што ова измислено интервју, не може да се пронајде на интернет, сепак во дел од медиумите постојат описи што се содржело во него. Станува збор за фотомонтажа и лажно интервју кое доктор Марковски никогаш не го дал, а со цел да се продадат додатоци во исхраната претставени како лекови за висок крвен притисок. Сето тоа се прави со лажни референци од лекари. Според лажното интервју „доктор Вело Марковски бил уапсен зашто ја открил тајната дека со овој лек против висок крвен притисок ќе се превенира умирањето од кардиоваскуларни болести а тој лек чини 2.600 денари“.
До 19 септември 2023, според податоците објавени на Worldometers, од ковид 19 починале 6.9 милиони луѓе, што значи дека бројката на починати од ковид во објавата е прилично точна.
Скриншот од статистички показатели на Worldometer

 

Во објавата која ја рецензираме се пропушта контекстот. Не постои вакцина против кардиоваскуларни болести за да може да биде администрирана на населението како што тоа беше случај со вакцината против ковид 19. Во текст на Гардијан од 8 април 2023 година пишува дека до крајот на деценијата можно е да има вакцина против срцеви заболувања.

„Водечка фармацевтска компанија вели дека е уверена дека вакцините против канцер, кардиоваскуларни и автоимуни заболувања и други состојби ќе биде готова до 2030 година. Истражувањата на овие вакцини се ветувачки, а некои истражувачи велат дека 15 години прогрес се собрани во 12 до 18 месеци благодарение на успехот на вакцината против ковид 19. Доктор Пол Буртон, главен медицински службеник во Модерна вели дека верува оти компанијата ќе може да понуди вакви третмани за болести од сите области до 2030 година“ пишува Гардијан.
Во истиот текст Буртон вели:
Мислам дека она кое што го научивме во претходните месеци е дека ако сме мислеле дека мРНК е само за инфективните заболувања, или само за ковид, доказите сега сугерираат дека тоа апсолутно не е така. Може да се аплицира на секакви области на болести, канцер, инфективни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, автоимуни заболувања, ретки болести. Имаме студии во сите тие области и сите се многу ветувачки.

На сајтот на Харвард на 9 јуни 2014 во текст со наслов „Вакцинација за превенција на срцеви удари?“, пишува дека научници од институтот за матични клетки на Харвард во соработка со научници од Универзитетот Пенсилванија создале „пристап за менување на геномот“ за трајно намалување на нивоата на холестеролот кај глувци со една инјекција, потенцијално намалувајќи го ризикот од срцев удар за 90 проценти.

–За прв експеримент ова беше неверојатно, изјавил тогаш Кириан Мусунуру, доктор и професор на одделот на Харвард за матични клетки и регенеративна биологија.

Тој додаде дека може да бидат потребни десет години концентрирани напори за овој нов пристап за борба против срцевите заболувања да дојде од лабораторија до прва фаза клинички тестирања кај луѓе.

Кардиоваскуларните болести се третираат на различни начини. Според Кливленд клиниката кардиоваскуларните болести му влијаат на срцето и крвните садови и половина од Американците имаат барем една форма на овие болести. Се препорачува промена на животниот стил за менаџирање на кардиоваскуларните болести, како и различни лекарства. Откако ќе се детектира кардиоваскуларната болест е полесно да се третира. Ризици за кардиоваскуларни болести се висок крвен притисок, висок холестерол, пушење цигари, тип 2 дијабетес, семејна историја на срцеви заболувања, недостиг на физичка активност, прекумерна телесна тежина, исхрана со сол, шеќер и маснотии, прекумерно користење алкохол, гестациски дијабетес итн.

Третманот е промена во животните навики, лекарства, операции и надзор на состојбите.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот. Не постои вакцина против кардиоваскуларни заболувања, иако има обиди таа да се создаде.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

вакцинаВело Марковскикардиоваскуларни болестиКовид 19
0
Сподели FacebookTwitter
Слични артикли

Не е вистина дека органи од 76 абортирани бебиња биле користени за вакцини

Не е точно дека само вакцинираните и лекуваните во болница починале од ковид-19

„Сатанистичка паника“ и дезинформации за пожарот во „Пулс“

Фаучи не одговара за „пландемија“ ниту за „злосторства против човештвото“

Предходно Следно

Оставете реакција
Cancel Reply

Во потрага по вистината | Документарен филм
https://youtu.be/VPitNDUieuc?si=oLeuFADrzZ1CUcAy
Следете не на
  • FacebookLikes Like our page
  • TwitterFollowers Follow Us
  • YoutubeSubscribers Subscribe
  • InstagramFollowers Follow Us
Легенда
Ресурси
Ефектот на дезинформациите
РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ПОД ЛУПА
Политичко рекламирање
Институциите и Фејсбук
ifc badge

Вистиномер е сертифициран потписник на Кодексот на принципи усвоен од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Избор на yредникот

Не е вистина дека органи од 76 абортирани бебиња биле…

Aug 7, 2026

Не е точно дека само вакцинираните и лекуваните во болница…

Aug 7, 2026

„Сатанистичка паника“ и дезинформации за пожарот во „Пулс“

Aug 7, 2026

Најнови Ветувања

Сè уште не е укинат надоместокот за мрежарина за електрична…

Mar 30, 2026

Реконструкцијата на студентските домови е во тек

Mar 27, 2026

Првата делница од автопатот Скопје-Блаце заврши во…

Mar 26, 2026

Најнови изјави

Проблемот со трасата Требеништа-Ќафасан е поврзан со УНЕСКО,…

Apr 2, 2026

СДСМ преку Филипче директно негираше актуелни врски со…

Mar 25, 2026

Коментарот на Шилегов за нестатутарност на одлуката за…

Mar 19, 2026
Претплатете се:
Во издание на
Поддржано од
CC LICENSE
Vistinomer.mk content available under license Set attribution 2.5 Macedonia
IFC мрежа
© 2017 - All Rights Reserved.
Website Design: BetterStudio
Sign in
Јазици MK SQ EN

Welcome, Login to your account.

Forget password?
Sign in

Recover your password.

A password will be e-mailed to you.