Неисполнето: Не може да се закаже регистрација на возила по електронски пат

Регистарски таблички Фото Скриншот

Со цел намалување на времето потрошено за регистрирање на возило, секој граѓанин ќе има можност да закаже термин за регистрација преку Интернет. Притоа, за возила што не се постари од 5 години за кои техничкиот преглед се прави преку една година, со олеснета процедура регистрацијата ќе може да ја направат преку Интернет. (Буџет: 6,2 милион денари, Рок: 2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветувње кое за првпат се споменува во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ 2014-2018 година, не е исполнето. Регистрацијата на возила е административна процедура во надлежност на Министерство за внатрешни работи (МВР). Барањето за регистрација на возило се поднесува лично според местото на живеење на сопственикот,  при што се доставуваат неколку видови на документи во зависност од постапката (регистрација на ново, употребувано или употребувано возило увезено од друга земја).

Со последните измени на цените за регистрација на возила кои стапија на сила во јули 2014 година, основните трошоци за регистрација на возило чинат околку 12.000  денари (цената варира зависно од типот на возило), во кои не се вклучени и трошоците за зелен картон (едномесечен или годишен). Регистрацијата чини 12.000 денари или 53 % од просечната месечна исплатена нето-плата по вработен пресметана во декември 2015 година, што претставува трошок со непропорционален размер, за кој дури и банките нудат кредитни пакети за негово покривање. Споредено со другите земји во регионот, во Бугарија регистрацијата чини 26% од просечната плата, во Словенија 31%, Босна и Херцеговина 40%, Србија 45%, Косово 49% и Хрватска 60%.

Оваа икслучително скапа услуга, Министерството за внатрешни работи сè уште ја испорачува бирократски и неорганизирано, без можност за закажување на свој термин, што повлекува значително губење време во лично поднесување на документи на повеќе шалтери.

На 13.01.2015 година во медиумите имаше информација дека:

Закажување термин за регистрација на возила, записници за сообраќајки во електронска форма, онлајн-пријавување сомнителни лица се само дел од проектите на кои ќе се фокусира полицијата, вклучувајќи и нови постапки за олеснување на услугите што граѓаните ги бараат од МВР 

Оваа вест е единствена најава која може да се најде во врска со имплементација на споменатиот проект. Од тогаш нема информација дека проектот за електронско закажување на регистрација на возила бележи некаков почеток.  На веб – порталот на МВР (во делот каде се наведени проектите на Министерството)  нема документ од кој би можело да се види дали за најавениот проект, кој бил планиран да се спроведе до 2015 година, има некакви подготовки за имплементација.

Имајки го предвид горе наведеното, може да се заклучи дека ова ветување  е неисполнето.

ЛИНКОВИ:

Оценето од: Mилена Јосифовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција