Нема докази дека синот на Џо Бајден имал детско порно на својот лаптоп

Фото: ©Ben Stanfield/Flickr, 2009

Сторијата од постот е од 22 октомври 2020 година, од изданието на конзервативниот австралиски таблоид „Дејли Телеграф“. Таму се тврдело дека Хантер Бајден бил гонет бидејќи се имал фотографии од малолетнички на својот лаптоп. Како што пишува „Политифакт“ нема докази дека лаптоп кој претходно му припаѓал на Хантер Бајден, имал детска порнографија во него. Таквото тврдење потекнува од анонимен интернет форум кој и порано ширел дезинформации

Сторијата од постот е од 22 октомври 2020 година, од изданието на конзервативниот австралиски таблоид „Дејли Телеграф“. Таму се тврдело дека Хантер Бајден бил гонет, бидејќи се имал фотографии од малолетнички на својот лаптоп. Како што пишува „Политифакт“ нема докази дека лаптоп кој претходно му припаѓал на Хантер Бајден, имал детска порнографија во него. Таквото тврдење потекнува од анонимен интернет форум кој и порано ширел дезинформации

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека на 7 јули 2022 година во Австралија на насловната страница од државен весник  има наслов  „Детско порно на Бајден”.

07.07 2022
Австралија
Насловна од државен весник
Детско порно на Бајден, пишува во постот.

Прво, споделената фотографија во склоп на постот што го рецензираме датира од октомври 2020 година и не е точно дека приказната се нашла на насловните страници во австралиските медиуми. Станува збор за само една објава  и тоа во „жолт печат“ односно таблоид, а приказната не е објавена на нејзината насловна страница, туку внатре во весникот и не се ни споменува како тизер на насловната страница.

Една објава во таблоид, не може да се поистоветува со целокупниот австралиски печат. Изгледот пак на  насловна страница од весникот  е во продолжение.

Наспроти тврдењето во постот што го рецензираме, дека сега во јули (07.07.2022) имало скандал со синот на Џо Бајден, во текот на овој месец такви написи во медиумите нема. Сторијата од постот е од 22 октомври 2020 година, од изданието на конзервативниот австралиски таблоид „Дејли Телеграф“. Таму се тврдело дека Хантер Бајден бил гонет, бидејќи имал фотографии од малолетнички на својот лаптоп.

Како што пишува „Политифакт“ нема докази дека лаптоп, кој претходно му припаѓал на Хантер Бајден, имал детска порнографија во него. Таквото тврдење потекнува од анонимен интернет форум, кој и порано ширел дезинформации.

Две недели пред денот на изборите во САД, се појавила приказна во „Њујорк Пост“ за лаптоп кој бил однесен на поправка и наводно му припаѓал на Хантер Бајден и за содржините кои биле извадени од хард драјвот. „Политифакт“ пишува во 2020 година, дека нема докази дека на тој хард драјв има детска порнографија. Сопственикот на бизнисот за поправка на лаптопи изјавил дека не видел детска порнографија на него.

Такер Карлосн, од „Фокс Њуз“ на 29 април 2021 година во својата емисија без докази споменал дека Хантер Бајден има детска порнографија во неговиот лаптоп. Меѓутоа, никој досега нема поткрепено или презентирано докази за таквите наводи.

Како што пишува Би Би Си, од претходната претседателска кампања Хантер Бајден е предмет на напади на Републиканската партија во САД и е предмет на федерална истрага за потенцијални повреди односно неплаќање данок и перење пари уште од 2018 година. Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и неговите поддржувачи, тврдеа дека тој имал бизнис зделки во Кина и Украина кои индицираат пракса на корупција. Хантер јавно признал дека во животот направил работи за кои се кае, но и тој и претседателот Бајден негираат дека ги прекршил законите. Хантер Бајден нема јавна државна функција. „Би Би Си“ го споменува случајот со наводниот лаптоп на синот на Џо Бајден и пишува дека против него има само истрага поврзана со илегални финансии, којашто не е завршена и нема никакво обвинение. Случај со детска порнографија на неговиот лаптоп не е спомената.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази дека Хантер Бајден имал детска порнографија на својот лаптоп.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција