Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави  Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. Згрутчување на крвта често се случува во населението, така што не може сите случаи на згрутчување на крвта после вакцинацијата против ковид-19 да се поврзат со вакцината

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. Згрутчување на крвта често се случува во населението, така што не може сите случаи на згрутчување на крвта после вакцинацијата против ковид-19 да се поврзат со вакцината

 

 

Пост на Фејсбук пласира невистини дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта.

Во постот се вели:

Не се Антиваксерите Тие што предизвикуваат Згрутчување на крвта. Боцките се. Ама тоа не е моја работа

На овој начин неосновано, без факти се шират дезинформации и намерно се предизвикува страв од вакцинирање. Впрочем, нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта.

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави  Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“.

Згрутчување на крвта често се случува во населението, така што не може сите случаи на згрутчување на крвта после вакцинацијата против ковид-19 со „AstraZeneca“ да се поврзат со вакцината.

Истражувањата на релевантните здравствени институции покажаа дека вакцината „AstraZeneca“ против ковид-19 може да спречи луѓето да се разболат од коронавирусот. Таа е безбедна и ефикасна, а бенефитите од неа ги надминуваат сите можни ризици. Извршната директорка на Европската медицинска агенција (ЕМА), Емер Кук уште пред неколку месеци соопшти:

Оваа вакцина е безбедна и ефективна и придобивките ги надминуваат ризиците, тоа е наш научен став. Свесни сме дека некои држави ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина, па моравме детаљно да ги проучиме сите докази. Кога се вакцинираат милиони луѓе, неизбежно е да има и тешки несакани ефекти и ние продолжуваме со нашата истрага. Денешниот заклучок овозможува да се продолжи со процесот на вакцинирање.

Вакцината не е поврзана со зголемување на вкупниот ризик од тромбоемболиски случаи или згрутчување на крвта.

 

И Светската здравствена организација (СЗО) во март годинава официјално кажа дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Откако поради претпазливост нејзината примена беше стопирана во неколку европски земји, СЗО соопшти дека нема причина да се стопира вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“,

Да, треба да продолжиме да ја користиме вакцината на „Астразенека“, нема причина да ја суспендираме, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на прес-конференција во Женева.

На веб-страницата на СЗО во секцијата посветена на вакцините е објаснето дека:

Вакцините против ковид-19 создаваат заштита од болеста, преку развивање на имунолошки одговор на вирусот САРС-Ков-2. Развивање на имунитет преку вакцинација значи намален ризик за развој на болеста и нејзините последици. Овој имунитет ви помага да се борите против вирусот доколку се изложите. Вакцинирањето, исто така, ги заштитува луѓето околу вас.

Важно е да се потенцира дека целта на имунизацијата е да спречи тежок облик на болеста и смртност, односно да спасат човечки животи. Податоците, односно процентите кои ги даваат производителите на вакцините за ефикасноста на вакцините, нудат заштита од смрт, хоспитализација и тешки симптоми.

Во борбата против пандемијата на коронавирусот најважна е вистината. Со честото споделување на невистини, полувистини и манипулации, антиваксерите шират страв и паника, и за жал влијаат врз одлуката на граѓаните за вакцинација, со што го ризикуваат личното и колективното здравје.

Засега, единствениот начин на кој може да се спречи развивање на тешки симптоми и смртен исход се само вакцините и масовната имунизација на населението.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција