Нема поврзаност меѓу Алцхајмеровата болест и алуминиумот

Фото: pixabay.com

Медицинските докази не го поддржуваат тврдењето дека има врска меѓу Алцхајмеровата болест и алуминиумот. Исто така, медицинските докази не сугерираат дека има зголемено количество на алуминиум во мозокот кај пациентите со Алцхајмерова болест. Флуорот се смета за безбеден и во водата за пиење и во пастата за заби, кои се најчестите начини на кои луѓето го консумираат

Медицинските докази не го поддржуваат тврдењето дека има врска меѓу Алцхајмеровата болест и алуминиумот. Исто така, медицинските докази не сугерираат дека има зголемено количество на алуминиум во мозокот кај пациентите со Алцхајмерова болест. Флуорот се смета за безбеден и во водата за пиење и во пастата за заби, кои се најчестите начини на кои луѓето го консумираат

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија на која пишува:

Дали знаете што секогаш е присутно кај пациентите со Алцхајмерова болест? Големо количество на алуминиум во мозокот.

Знаете што придонесува да задржувате алуминиум во телото?

Флуор.

Но, како што пишуваат проверувачите на факти на Политифакт, медицинските докази не го поддржуваат тврдењето дека има врска меѓу Алцхајмеровата болест и алуминиумот. Исто така, медицинските докази не сугерираат дека има зголемено количество на алуминиум во мозокот кај пациентите со Алцхајмерова болест. Флуорот се смета за безбеден и во водата за пиење и во пастата за заби, кои се најчестите начини на кои луѓето го консумираат.

Дополнително, според организацијата за Алцхајмерова болест од Обединетото Кралство, доказите не говорат дека алуминиумот е со покачени нивоа во мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест, или пак, дека алуминиумот претставува извор на болеста. Како што е наведено на веб-страницата на оваа британска организација, идејата дека Алцхајмеровата болест и алуминиумот може да бидат поврзани првпат е спомената во 1965 година, кога „истражувачите открија дека зајаците кои се инјектирани со екстремно високи дози на алуминиум, развиле токсични заплеткувања на невроните во нивниот мозок“. Овие токсични заплеткувања се акумулирани микроскопски мозочни протеински фрагменти кои ја забавуваат способноста на човекот да мисли и да памети.

Но, како што пишуваат проверувачите на факти на Политифакт, ваквите резултати се појавувале исклучиво кога зајаците биле изложени на екстремно високи дози на алуминиум, кои исклучително ги надминувааат нивоата коишто може да влезат во телото преку храната, или некои други извори, како на пример, садовите за готвење од алуминиум.

Оттогаш па наваму, и покрај темелни истражувања, нема цврсти докази дека алуминиумот е покачен во мозокот на пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест, велат од оваа британска организација за Алцхајмерова болест.

Оттаму додаваат дека нема уверлива врска меѓу количеството или изложеноста на алуминиум во телото и развојот на Алцхајмерова болест.

Исто така, организации во САД кои ја испитуваат болеста, како на пример, Асоцијацијата за Алцхајмер и Брајт Фокус фондацијата, велат дека „истражувањата не успеале да потврдат каква било врска која алуминиумот ја има со предизвикувањето на Алцхајмеровата болест“.

Флуорот, пак, се смета за безбеден и во водата за пиење и во пастата за заби кои се главните начини на кои тој стигнува до организмот.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција