Николче Чурлиновски
Николче Чурлиновски e градоначалник на Општина Валандово во три последователни мандати.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Николче Чурлиновски е роден на 8 февруари 1958 година во Врање, Србија.
Во брак е 25 години и е татко на две деца. Неговата сопруга е специјалист – педијатар.
Сегашниот градоначалник на општина Валандово по завршувањето на студиите се преселува и живее во родното место на неговиот татко, селото Пирава во општина Валандово, каде што живее и денес.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно образование завршил во ОУ „Васил Главинов“ во Скопје, а средно образование во гимназијата “Цветан Димов“ во Скопје.
Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1986 година.
КАРИЕРА
Специјализирал училишна медицина во 1996 година. Од февруари 1998 година е вработен во Здравствен дом Валандово, чиј директор бил во еден период.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Бил претседател на месна заедница „Пирава“ од 2000 до 2004 година.
За градоначалник на општина Валандово граѓаните го избрале во три последователни мандати: на локалните избори во 2005, потоа во 2009 и во 2013 година.
Во неколку двогодишни мандати, Чурлиновски е избиран од Генералното собрание на ЗЕЛС за член на Управниот одбор на ЗЕЛС.
Од 2009 до 2011 година бил претседател на Центарот за развој на Југоисточниот регион.
ИЗВОРИ
ЗЕЛС – БИОГРАФИИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ВО МАНДАТОТ 2013 – 2017 ГОДИНА (стр. 6)
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар