СДСМ не е профашистичка партија

Фото: sdsm.org.mk

Во објавата покрај говор на омраза и непримерен речник полн со навреди, се изнесуваат невистини, како на пример  дека партијата СДСМ била профашистичка. Кога ќе се погледнат целите во статутот на СДСМ евидентно е дека тие се дијаметрално спротивни на оние на фашизмот. 

Во објавата покрај говор на омраза и непримерен речник полн со навреди, се изнесуваат невистини, како на пример  дека партијата СДСМ била профашистичка. Кога ќе се погледнат целите во статутот на СДСМ евидентно е дека тие се дијаметрално спротивни на оние на фашизмот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads во која пишува:

Им пожелувам на нацистите на северниот натофски федерален вуко*ебистан со сс дивизијата што хара низ медиумите на 9 мај, уз победа на фашизмот на секој го*њар и на секоја го*њарка на профашистички јес де јес, да излокаат 100 литри ла*на док не експлодираат у моронските тимби ко расистот мирко попов.

Во објавата покрај говор на омраза и непримерен речник полн со навреди, се изнесуваат невистини дека партијата СДСМ била профашистичка, што не е точно.

Во статутот на СДСМ се застапуваат социјалдемократски идеи како:

  • Целосно почитување на човекот, неговото достоинство, права и слободи, согласно највисоките цивилизациски и демократски придобивки
  • Развивање на демократијата и обезбедување еднаквост на граѓаните
  • Натамошна изградба на Република Северна Македонија како суверена, демократска и правна држава, која почива на темелните вредности на нејзиниот уставен систем, обезбедува плуралност и слобода на медиумите
  • Унапредување на еднаквите можности на жените и мажите
  • Изградба на општество на еднакви шанси и социјална правда, во кое ќе бидат гарантирани економските слободи и заштитата на правата од работа
  • Развивање на пазарно стопанство кое ќе обезбедува одржлив раст и создавање работни места во услови на рамноправност на стопанските субјекти
  • Втемелување и примена на европските вредности во Северна Македонија и нејзино членство во ЕУ и НАТО
  • Афирмација на правата и зголемување на шансите за најранливите категории и маргинализираните поединци и групи
  • Обезбедување на услови за развој на науката, образованието, културата и спортот
  • Развивање одговорен пристап кон животната средина и природата
  • Негување на културните вредности и историските придобивки на Северна Македонија и на сите заедници кои живеат во нејзините граници
  • Настојување за обезбедување на правата и слободите гарантирани со меѓународните документи за Македонците во соседните земји и развивање на постојана културна, социјална и економска комуникација со нив и со иселениците
  • Почитување на антифашизмот како цивилизациска придобивка на современиот свет
  • Унапредување и афирмација на меѓуетничкиот соживот и меѓурелигиска толеранција и дијалог

Следствено, во самиот статут на партијата е наведено дека ќе се почитуваат антифашизмот како цивилизациска придобивка на современиот свет. Фашизмот, наспроти либералистичкиот индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, заговара воспоставување на заедница во која единството е гарантирано преку идеологијата на крв и земја (Blut und Boden). Според фашистичката идеологија, единството на нациите се воспоставува со крвната чистота на истата и сите разлики (културни, верски, политички и сл.) треба да се укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето темелот на заедништвото. Во фашизмот, теророт е легитимно средство за постигнување на „заедништво”.

Кога ќе се погледнат целите во статутот на СДСМ евидентно е дека тие се дијаметрално спротивни на оние на фашизмот, така што не е вистина дека СДСМ е профашистичка или нацистичка партија. СДСМ има побарано и законски партиите да се дистанцираат од фашизмот и нацизмот.

 

Целта на НАТО пак, каде и С.Македонија е членка е да ги гарантира слободата и безбедноста на своите членки преку политички и воени средства. Политичките средства значат дека  НАТО промовира демократски вредности и им дава можност на членките да се консултираат и да соработуваат за прашања поврзани со одбраната и безбедноста за решавање проблеми, градење на довербата и, на долгорочен план, спречување конфликти. Воено, НАТО е посветена на мирно решавање на споровите. Доколку дипломатските напори не успеат, таа ја има воената моќ да преземе операции за управување со кризи. Тие се извршуваат според клаузулата за колективна одбрана на основачкиот договор на НАТО – Член 5 од Вашингтонскиот договор или според мандат на Обединетите нации, самостојно или во соработка со други земји и меѓународни организации.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција