Објавата на новинарот Иванов за протестите за Онкологија е извадена од контекст

Фото: Meта.мк

Објавата на Зоран Иванов воопшто не е насочена кон учесниците на протестот кои што споделуваа лични искуства, туку станува збор за коментар на транспарентот кој што на протестот го држеше претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Транспарентот содржи навредливи и вулгарни зборови кон владејачката партија СДСМ.

Објавата на Зоран Иванов воопшто не е насочена кон учесниците на протестот кои што споделуваа лични искуства, туку станува збор за коментар на транспарентот кој што на протестот го држеше претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Транспарентот содржи навредливи и вулгарни зборови кон владејачката партија СДСМ

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук прави манипулација на јавноста затоа што погрешно и без соодветен контекст коментира објава на новинарот Зоран Иванов.

Провладиниот лигав аналитичар Зоран Иванов ги навреди родителите кои имале лични искуства на Онкологија: Tие се простаци

Откако во медиумите беше објавено дека на Клиниката за онкологија се правеле манипулации, се краделе цитостатици и се измамувале пациенти, во понеделникот во Скопје се одржа граѓански протест.

Новинарот Зоран Иванов, ден по протестот имаше објава на социјалната мрежа Фејсбук, која што потоа беше погрешно толкувана и без соодветен контекст објавена, како во некои медиуми, така и на социјалните мрежи.

ПУШЕЊЕ:

Овие партијциве од протестот пред влада што пренесуваа ЛИЧНИ искуства за пушењето, и РОДИТЕЛИ се или само ПРОСТАЦИ се !!

 

Дел од медиумите ова го протолкуваа како напад на учесниците на протестот кои ги искажуваа своите лични искуства со Клиниката за онкологија каде што загубиле свои блиски. Во медиумите се тврдеше дека зборот „простаци“ на Иванов е насочен кон нив (тука и тука). Потоа и на социјалните мрежи започна да се шират вакви неточни толкувања на објавата на Иванов и притоа да се нижат навреди кон него.

Но, oваа објава воопшто не е насочена кон учесниците на протестот кои што споделуваа лични искуства, туку станува збор за коментар на транспарентот кој што на протестот го држеше претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Транспарентот содржи навредливи и вулгарни зборови кон владејачката партија СДСМ.

Иванов, во изјава за Вистиномер вели дека неговата објава не случајно е наречена ПУШЊЕ. Тој вели дека неговата порака е граѓанска реакција на вулгарноста искажана на неполитички и непартиски, туку на чисто граѓански јавен собир од страна на припадници на една политичка партија.

Со очигледна намера да го сврти вниманието кон себе според нивните морални партиски стандарди, се решиле за нешто „атрактивно“,  употребувајќи го терминот „пушење“ во својот политички транспарент од каде што е извлечен и насловот на мојот Фејсбук пост и тоа e нагласено со крупни букви, со цел читателот веднаш да го упати дека темата не е мотивот за граѓанските протести, туку за обидите за негова политизација и партизација. Згора, за да нема забуна и со цел да направам целосна дистанца од темата за која, всушност, и се случува протестот, (наводите за злоупотребите на Клиниката за Онкологија – н.з.), првите два збора на постот се: „Овие партијциве …“, што упатува дека постот не се однесува на учесниците на протестот, туку директно на „ПАРТИЈЦИТЕ“, на нивната вулгарност искажана на транспарентот кој што кренат над главата го држеше претседателот на политичката партија, вели Иванов.

Тој додава дека со очигледно смислен и однапред подготвен чин и со таквото однесување пред јавноста и медиумите, тие го злоупотребиле и го приватизирале јавното незадоволство кое се искажуваше на тема „која нема врска со нивната партиска порака содржана на нивниот високо кренат транспарент“.

Оценуваме дека во постот што го рецензираме, коментарот на Иванов објавен на Фејсбук е претставен манипулативно, му недостасува контекст (missing context) и ги измамува корисниците на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција