Огнениот крст на божиќните украси во Летонија не е поврзан со нацистичката свастика 

Фото: Принтскрин видео

Летонија не го глорифицира нацизмот и фашизмот, а уште помалку тоа го прави преку новогодишни украси, како што сугерира објавата. Иако симболот на божиќните украси прикажани во видеото кое го споделува објавата изгледа како нацистичка свастика, тоа е угунскруст (огнен крст), кој потекнува од летонскиот фолклор и историја. Огнениот крст кој со милениуми се користи во фолклорот на летонската култура, не може да се толкува како симбол на нацизмот

Летонија не го глорифицира нацизмот и фашизмот, а уште помалку тоа го прави преку новогодишни украси, како што сугерира објавата. Иако симболот на божиќните украси прикажани во видеото кое го споделува објавата изгледа како нацистичка свастика, тоа е угунскруст (огнен крст), кој потекнува од летонскиот фолклор и историја. Огнениот крст кој со милениуми се користи во фолклорот на летонската култура, не може да се толкува како симбол на нацизмот

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која сугерира дека во Летонија се промовира нацизмот. Имено, објавата споделува видео од новогодишно украсување за кое тврди дека е во Летонија, а на кое можат да се забележат новогодишни украси во форма на свастика.

Новогодишни декорации во Летонија, вели објавата под која се нижат коментари дека тоа е страшно, дека се нацисти и фашисти и сл.

Видеото споделено во објавата е од 2022 година и за истото имаат пишувано неколку светски агенции за проверка на фактите (овде, овде, овде). Видеото прикажува божиќно украсување во градот Лиелварде, Летонија, но не прикажува глорификација или славење на нацизмот, како што сугерира објавата.

 

Симболот  е вкоренет во историјата и фолклорот на земјата и не е инспириран од свастиката што ја користела Германската нацистичка партија во првата половина на дваесеттиот век, пишува Ројтерс.

Овој симбол, во Летонија се нарекува ugunskrusts – што значи „огнен крст“ и е длабоко вкоренет во историјата и фолклорот на земјата. Истиот се користи за украсување на предмети, традиционална облека, а се наоѓа и во археолошките ископувања.

Онлајн Националната енциклопедија на Министерството за култура на Летонија објаснува дека, иако симболот може да има контроверзна интерпретација, тој е длабоко навлезен во летонската митологија.

На територијата на Летонија, најстарите наоди на огнениот крст датираат од 3 век. Во следните векови, огнениот крст може да се најде во археолошкиот материјал на сите етнички групи кои живеат на територијата на Летонија – lībiešu, kuršu, zemgaļu, sēļu и latgaļu, пишува на страницата на Националната енциклопедија, пренесува Ројтерс.

На страницата се објаснува дека има повеќе варијации на крстот, вклучувајќи ги и оние кои изгледаат исто како нацистичкиот кукаст крст – свастиката, и дека симболот го користеле летонските нацистички симпатизери во 20 век.

Сепак, се додава дека употребата на кукасти крстови во нацистички стил е нелегална во Летонија, освен ако „целта на употребата не е поврзана со глорификацијата на тоталитарните режими или оправдувањето на извршените злосторства“.

Овој закон не ги погодува оние случаи кога огнениот крст се користи во контекст на народен украс…, ора на танцови фестивали, производи од народна уметност или на други креативни начини, се додава во објаснувањето, пишува Ројтерс.

Летонските написи за новогодишните украси не го спомнуваат симболот инспириран од нацизмот (овде, овде и овде). Сепак, една статија објавена на 30 ноември 2022 година, дискутира за тоа како „руските пропагандисти“ одбиваат да веруваат во летонското потекло на симболот. Статијата нагласува како руската амбасада во Летонија, исто така, дистрибуирала фотографии од украсите на Лиелварде.

Треба да се има на ум дека свастиката не е симбол што настанал со нацизмот, пишува веб- страницата Опен онлајн која во својата анализа за проверка на фактите, исто така, заклучува дека во новогодишното украсување во Летонија нема нацистички свастики. Опен онлајн пишува дека, иако германското движење ја присвои, свастиката е дел од симболиката на многу евроазиски култури со милениуми. Таков е примерот со статуата – највисоката во светот – на Големиот Буда од Централната рамнина, во кинеската провинција Хенан, на која има врежана свастика на градите.

За значењето на свастиката во будизмот, можете да прочитате тука.

Од сето ова можеме да заклучиме дека Летонија не го глорифицира нацизмот и фашизмот, а уште помалку тоа го прави преку новогодишни украси, како што сугерира објавата. Иако симболот на божиќните украси прикажани во видеото кое го споделува објавата изгледа како нацистичка свастика, тоа е угунскруст (огнен крст), кој потекнува од летонскиот фолклор и историја. Огнениот крст кој со милениуми се користи во фолклорот на летонската култура, не може да се толкува како симбол на нацизмот. Според тоа, оценуваме дека на објавата што ја анализираме ѝ недостига контекст.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција