Осомничените за убиството на Вања не почнале процедура за барање откуп

Од прес-конференцијата на МВР и ЈО на 4.12.2023 Фото: Официјален ФБ профил на МВР

Наспроти изнесеното во насловот од текстот, осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска не побарале пари, односно постапката за барање откуп воопшто не почнала. Тоа на прес-конференција го соопшти јавниот обвинител Гаврил Бубевски

Наспроти изнесеното во насловот од текстот, осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска не побарале пари, односно постапката за барање откуп воопшто не почнала. Тоа на прес-конференција го соопшти јавниот обвинител Гаврил Бубевски

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис и пишува:

Прво ја убиле Вања, па барале пари, ги фатило паника оти целата јавност одма дозна за киднапирањето.

Во текстот се споделува извадок од прес-конференцијата којашто на 4 декември 2023 ја одржаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски, а на која беа презентирани првичните информации за случајот за кој пет лица се осомничени за убиство и грабнување на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

На 36 минута и 50 секунда во видеото од прес-конференцијата новинарката го прашува обвинителот Бубевски:

Како излегла ситуацијата од контрола за само 2 и пол часа после грабнувањето за да дојде до убивање на девојчето?

Јавниот обвинител одговара:

Во овој момент можам да кажам дека имаме искази за тоа излегување од контрола на лицата коишто го признаваат ова дејствие и во полицијата и пред јавен обвинител. Нивните укажување во таа насока се дека со оглед дека имале веќе некаква паника, заради тоа што веќе јавноста била во тој момент целосно ангажирана околу побарувањето на детето, и едниот од нив решил во тој момент дека парите ќе ги бараат покасно откако ќе помине целата оваа ситуација и затоа решава во тој момент ова дете да го ликвидира. Тоа е според она што го имаме од нивните искази и затоа уште ги немаме прибрано сите информации за да можеме докрај да го објасниме ова. И за нас е малку нејасно, но тоа е нивното објаснување во тој момент. Тие работи ќе мора да ги провериме, изјави Бубевски.

Прес-конференцијата продолжува со бројни прашања, но на 59 минута и 34 секунда се поставува прашањето:

За колку пари станува збор?

Обвинителот Бубевски одговара:

Не е почната процедура таква. Немаме известие, никаков доказен материјал дека е почната процедура за барање откуп. Така што, ние ги знаеме мотивите од оние што ги кажуваат во обвинителството. Однапред кога се договарале, мотивите биле парични, односно користољубие. Мотивот бил да земат пари од мајката. Но, постапка за изнуда не е почната, не е побарано од никого такви средства (изјавата завршува на 1 час и 13 секунди на видеото).

Така што, во насловот од објавата што ја рецензираме неточно се тврди дека осомничените барале пари за откуп за малолетната Вања Ѓорчевска која беше убиена, а за што се сомничат петмина. Таква постапка воопшто не била почната. Според тоа што го соопшти обвинителството на прес-конференцијата (04.12.2023), во фазата на подготовка, односно на договарање, мотивот бил пари, но подоцна случајот преминал во убиство. Освен делот од насловот во кој пишува дека осомничените „барале пари“ откако ја убиле Вања, другиот дел од прес-конференцијата е вистинит и пренесен коректно.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна дезинформација. Во во насловот се тврди дека бил побаран откуп, а тоа не е вистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција