Оваа фотографија не е снимена за време на ослободувањето на Скопје

Фото: Принтскрин ФБ пост

Можеби оваа фотографија не се споделува намерно за да се манипулира со јавноста, но сепак таа заедно со описот прикажува нешто што не е вистина. Фотографијата сама по себе е автентична, ама во комбинација со напишаниот текст претставува манипулација, бидејќи таа не ја прикажува атмосферата на денот на ослободување на Скопје – 13 ноември 1944 година. Она што паѓа во очи и што потврдува дека фотографијата не можела да биде снимена во 1944 година е Стоковната куќа НАМА,  изградена во 1959 година

Можеби оваа фотографија не се споделува намерно за да се манипулира со јавноста, но, сепак, таа заедно со описот прикажува нешто што не е вистина. Фотографијата сама по себе е автентична, ама во комбинација со напишаниот текст претставува манипулација, бидејќи таа не ја прикажува атмосферата на денот на ослободување на Скопје – 13 ноември 1944 година. Она што паѓа в очи и што потврдува дека фотографијата не можела да биде снимена во 1944 година е Стоковната куќа НАМА, изградена во 1959 година

 

 

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук споделена е црно бела фотографија на која се гледаат многу луѓе собрани на плоштадот во Скопје. Притоа се тврди дека фотографијата прикажува како луѓето го слават ослободувањето на Скопје од фашистите. Ова не е точно, фотографијата не е направена во 1944 година.

На самата фотографија пишува:

Вака Скопје пред 75 години ја прослави слободата. Македонските партизани тој ден го ослободија Скопје од Бугарските туристи и Германските инвеститори.

Имено, се тврди дека на фотографијата е прикажана прослава на градскиот плоштад во Скопје којашто се направила по повод на ослободување на градот од фашистичките сили. Ослободувањето на Скопје е на 13 ноември 1944 година, кога борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат градот од германската окупација. Утрото на 12 ноември 1944 година, започнале борбите за конечно ослободување на градот Скопје, а веќе наредниот ден во вечерните часови градот бил слободен.

Она што првично се забележува е дека во текстот се вели оти Скопје пред 75 години ја прослави слободата, што не е точно. Сега сме 2023 година, па излегува дека ослободувањето било во 1948 година! А како што пишавме погоре, Скопје било ослободено од фашистите во 1944 година.

Исто така, иако се тврди дека фотографијата ја прикажува прославата на скопјани по повод ослободување на нивниот град. Сепак ова не е можно. Што јасно се забележува по објектите кои се наоѓаат на фотографијата. Може да се забележат два објекта што биле препознатливи за градскиот плоштад на старо Скопје. Тоа се Ристиќиевата палата и Стоковната куќа НАМА. Она што паѓа во очи и што потврдува дека фотографијата не можела да биде снимена во 1944 година е Стоковната куќа НАМА.

НАМА била изградена во 1959 година, а автор на делото бил Славко Брезоски. Во 1956 година администрацијата на Скопје организира затворен конкурс за дизајн за стоковна куќа на централниот плоштад во Скопје. Локацијата на објектот е наменета за дооформување на централниот простор, поставена помеѓу Стопанската комора на северната страна и станбена зграда на источната страна, формирајќи аголна парцела која со две страни се отвара на плоштадниот простор. Славко Брезоски е победник на конкурсот и е проектант на изведената состојба.

Ова значи дека Стоковната куќа НАМА, која е прикажана најлево на фотографијата, не би можела да биде на самата фотографија доколку таа навистина била снимена во 1944 година за време на ослободувањето на Скопје. Стоковната куќа НАМА е изградена 15 години подоцна, што значи оваа фотографија била снимена многу подоцна од 1944 година, како што се тврди во објавата.

Оригиналниот извор на фотографијата, како и објаснување што се случувало на плоштадот кога е снимена, не можат да се најдат на интернет просторот. Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека оваа фотографија била снимена за време на пречек на претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито во Скопје, кој во неколку наврати држел говор на плоштадот во главниот град, но тоа не можеме да го потврдиме од повеќе извори.

Она што е сигурно е дека таа не би можела да биде снимена во 1944 година, бидејќи тогаш Стоковната куќа НАМА прикажана на фотографијата не била изградена.

Можеби оваа фотографија не се споделува намерно за да се манипулира со јавноста, но сепак таа заедно со описот прикажува нешто што не е вистина. Фотографијата сама по себе е автентична, ама во комбинација со напишаниот текст претставува манипулација, бидејќи таа не ја прикажува атмосферата на денот на ослободување на Скопје – 13 ноември 1944 година.

Затоа оценуваме дека оваа објава е невистинита, затоа што напишаниот текст во фотографијата не го отсликува тоа што го прикажува фотографијата.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција