Оваа потресна фотографија не е од Газа, туку е креирана со вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин ФБ пост

Неколку експерти за дигитална форензика забележуваат дека фотографијата има недостатоци, односно траги кои јасно укажуваат на тоа дека е креирана со вештачка интелигенција. Притоа посочуваат на неправилности во рацете и нозете, како и на начинот на кој фигурите се вклопуваат во околината. Фотографијата стана исклучително вирална во светски рамки поради нејзината емотивна, потресна содржина која ја отсликува катастрофата и последиците од воените судири во кои страдаат цивили. Но сепак, таа не е реална туку е создадена со помош на компјутерска манипулација

Неколку експерти за дигитална форензика забележуваат дека фотографијата има недостатоци, односно траги кои јасно укажуваат на тоа дека е креирана со вештачка интелигенција. Притоа посочуваат на неправилности во рацете и нозете, како и на начинот на кој фигурите се вклопуваат во околината. Фотографијата стана исклучително вирална во светски рамки поради нејзината емотивна, потресна содржина која ја отсликува катастрофата и последиците од воените судири во кои страдаат цивили. Но сепак, таа не е реална туку е создадена со помош на компјутерска манипулација.

 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија на која се гледаат урнатини од  згради и човек кој носи со себе пет деца. Во самата објава пишува:

ЖИВОТ.

За рака, под рака, на грб, на врат, да се преживее воениот кошмар во Газа.

СЗО и ОН бараат прекин на огнот и итна достава на хуманитарна помош за жителите на Газа кои по двонеделната воена блокада од страна на Израел, со вчерашните бомбардирања, без вода и храна се веќе истоштени, изморени, исплашени и без превоз за да го исполнат барањето на Израел за евакуација кон југот на Газа. Страдаат и деца, а тие немаат никаква вина за настанатите воени тензии помеѓу Израел и Хамас. 

Текстуалниот дел од објавата е фактички вистинит и точен, во него се претставува човечката димензија на воените дејства, катастрофалните последици и невините жртви. Меѓутоа, фотографијата со која се илустрираат катастрофалните последици од воените дејствија е изменета (altered content) и најверојатно креирана со вештачка интелигенција (artificial intelligence).

Како што пишуваат проверувачите на факти на Франс Прес, фотографијата на која се гледа човек како носи деца низ урнатините, е споделувана десетици илјадипати на социјалните мрежи и поврзувана е со израелското бомбардирање врз појасот Газа, за кое министерството за здравство водено од Хамас вели дека довело до тоа да бидат убиени 3.700 деца. Но, експерти велат дека фотографијата содржи знаци и карактеристики на вештачка интелигенција и истата воопшто не била објавена од страна на новински агенции со фотографи кои се на терен и кои известуваат и ја покриваат војната што беше испровоцирана од октомврискиот напад на Хамас врз Израел.

Нападот на Хамас, кој е најсмртоносен во историјата на Израел, уби најмалку 1.400 луѓе, повеќето цивили, вклучително и деца, според израелските власти. Израел одговори со прогласување на војна и бомбардирање на Газа, при што министерството за здравство управувано од Хамас извести дека биле убиени повеќе од 9 илјади луѓе, при што оваа бројка сега се зголеми на над 10 илјади луѓе.

Газа стана гробница за илјадници деца, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер.

СЗО истакна дека директното бомбардирање не е единствениот ризик, туку ризици за Газа се и недостатокот на чиста вода и струја што претставува опасност за повеќе од еден милион деца кои живеат во Газа и алармираше дека има и предвреме родени бебиња зависни од инкубатори.

Фотографиите од опустошувањето предизвикаа бес во странство, каде беа одржани големи протести со поддршка на воспоставувањето мир.

Фотографите на агенцијата Франс Прес и други во Газа, фотографираа многу сцени од родители кои се обидуваат да им помогнат на повредени и исплашени деца, но фотографијата која циркулира на интернет, вклучително и во објавата што ја рецензираме, е дигитално изманипулирана, велат експерти и најверојатно е креирана со помош на вештачка интелигенција, објави АФП.

Оваа фотографија речиси сигурно е креирана со вештачка интелигенција. Има знаци на неа кои укажуваат на тоа, како лошата форма на раката на возрасниот човек, изјави за Франс Прес Хејни Фарид, професор на Универзитетот од Калифорнија Баркли и експерт за дигитална форензика, дезинформации и анализа на фотографии.

Според претседателот на Медија Форензик Лаб на Универзитетот во Бафало, Сивеј Лу, фотографијата се карактеризира како креирана со вештачка интелигенција според детекциски алгоритми. Тој посочува неправилности на рацете и на нозете.

Со тоа се согласува и Кимберли Тон Маи, од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Рацете и нозете и облеката на фотографијата се чинат неконзистентни. На пример, детето кое го носи човекот на десното рамо, носи маица која личи дека се совпаѓа и слева со ракавот на човекот. Раката на човекот е позиционирана таму каде што би очекувале да биде ногата од детето. Прстите од нозете на неговата боса нога прикажани на фотографијата, исто така, не се јасно дефинирани, вели тој.

Рене Ди Реста, истражувач од Стенфорд интернет опсерваторијата се согласува, исто така, укажувајќи на деталите со рацете и „начинот на кој фигурите се вклопуваат во околината, како и на необичните крактеристики на околината (особено во позадина)”.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме, односно фотографијата ја оценуваме како фотографија која е графички изменета (altered content).

 

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција