Папата Франциск не е уапсен!

Фото: Zebra48bo, Википедија, CC4.0

На 10 јануари објавен е пост на социјалната мрежа Фејсбук во кој што е изнесено тврдење дека папата во Ватикан е уапсен поради 80 обвиненија за трговија со деца. Оваа информација не е вистинита. Сепак, постот предизвика над 200 интеракции на денот на објавување на ова а рецензија

 

На 10 јануари објавен е пост на социјалната мрежа Фејсбук во кој што е изнесено тврдење дека папата во Ватикан е уапсен поради 80 обвиненија за трговија со деца. Оваа информација не е вистинита. Сепак, постот предизвика над 200 интеракции на денот на објавување на ова а рецензија.

Истиот ден кога во постот се известува за наводното апсење, Папата ја водеше молитвата од библиотеката во палатата во Ватикан. Исто така, истиот ден тој беше активен на Твитер.

На 11 јануари тој најави промена на католичкиот закон со цел да им се дозволи на жените да читаат на литургии, служби и да можат да делат причест.

Неговиот распоред на обврски за 11 јануари, ден кога доколку тој бил уапсен не би можел да ги извршува работните задачи, може да се погледне на следниот линк. 

Во постот се тврди и дека за да се спроведе наводното апсење на папата, се случил таканаречен блекаут, односно била исклучена електричната енергија.

Но, спротивно на ова, освен тоа што немаше никакви официјални соопштенија за никакво апсење и гаснење на електричната енергија, човек чиј што стан гледа право на Ватикан, сведочи дека струја имало, немало полиција и немало истрели.

Погледнав низ прозорецот, можам да го видам Ватикан од мојот стан. Светлата беа запалени. Немаше истрели од огнено оружје. Возилата доаѓаа и си одеа како и вообичаено, како и секое вообичаено зимско неделно утро, пишува тој. 

Своето тврдење го илустрира и со видео материјал од ноќта кога се случило наводното и непостоечко апсење, каде се гледа дека светлата се запалени. Во дел од видеото се гледа дека возило влегува во кадарот. Некои тврделе дека е амбулантно возило, но станува збор за служба која чисти улици, додава жителот чијшто стан гледа на Ватикан.

Ниту еден релевантен медиум не извести за ова апсење на Папата Франциск, затоа што тоа не се случило и затоа што немало прекин на електричната енергија во Ватикан со цел да се спроведе ова непостоечко апсење. Откако беше објавена информацијата како и онаа во невистинитиот пост кој го рецензираме, Папата се појави во јавност, и тоа во живо, водејќи молитва, факти кои, исто така, потврдуваат дека не е уапсен. Постот го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција