Пендаровски сè уште не решил дали да се кандидира за втор мандат

Фото: pretsedatel.mk

Претседателот Стево Пендаровски не ја отфрла можноста да се кандидира повторно за претседател, но во моментов не размислува за тоа. Како што изјави и самиот, има доволно време после Нова година да се размислува за тие работи. Објавата што ја анализираме, спротивно на изјавата на Пендаровски, тврди дека тој нема да се кандидира како тоа да е негова дефинитивна одлука. Очигледно е дека станува збор за погрешна интерпретација

Претседателот Стево Пендаровски не ја отфрла можноста да се кандидира повторно за претседател, но во моментов не размислува за тоа. Како што изјави и самиот, има доволно време после Нова година да се размислува за тие работи. Објавата што ја анализираме, спротивно на изјавата на Пендаровски, тврди дека тој нема да се кандидира како тоа да е негова дефинитивна одлука. Очигледно е дека станува збор за погрешна интерпретација

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која навредувајќи го претседателот Стево Пендаровски, тврди дека тој нема повторно да се кандидира за претседател на државата.

СТОКАТА ОД ВОДНО НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕДСЕДНИК …ЌЕ МУ СЕ ОСТВАРИ ЖЕЛБАТА ДА БЕГА ОД МАКЕДОНИЈА КАКО МЛАД ПЕНЗИОНЕР, стои во објавата.

Пендаровски не донел дефинитивна одлука дека нема да се кандидира за втор мандат, иако објавата го тврди токму тоа. Имено, шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање, дали размислува за втор мандат, одговорил дека не размислува, што очигледно авторот на објавата го протолкувал како негова одлука да не се кандидира повторно за претседател.

До забуна во јавноста дојде откако Пендаровски на новинарско прашање: „Дали размислувате за втор мандат?“, упатено до него на маргините на настан посветен на борбата против корупцијата во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, на 6 декември, кратко одоговорил „Не“. Ова дел од медиумите го протолкуваа како негов став дека нема да се кандидира повторно за претседател.

По ова стигна реакција од неговиот кабинет дека тој бил погрешно разбран, односно дека станува збор за погрешна интерпретација на одговорот и дека тој сакал да каже дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот, а оти има време кога ќе размислува дали повторно ќе се кандидира за шеф на државата.

По ова следеше и дообјаснување лично од Пендаровски кое го даде уште истиот ден пред почетокот на настанот „30 години дипломатски односи Северна Македонија – Франција“.

Прашањето на ваша колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас реков дека не размислувам и не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар, во вакви траорни времиња низ кои поминуваме, може да размислува за власт, за избори, за мандати. Изборите се закажани за април и мај следната година и имаме доволно време после Нова година да размислуваме за тие работи, рече Пендаровски.

Но, очигледно е дека објавата која ја анализираме ова го пропуштила па шири дезинформции дека шефот на државата нема да се кандидира за втор мандат.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека претседателот Стево Пендаровски не ја отфрла можноста да се кандидира повторно за претседател, но во моментов не размислува за тоа. Како што изјави и самиот, има доволно време после Нова година да се размислува за тие работи. Објавата што ја анализираме, спротивно на изјавата на Пендаровски, тврди дека тој нема да се кандидира како тоа да е негова дефинитивна одлука. Очигледно е дека станува збор за погрешна интерпретација. Поради тоа, може да се каже дека на објавата ѝ недостига контекст.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција