Петкатниот автобус не е руски, фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин ФБ пост

Петспратниот автобус прикажан во објавата што ја анализираме нема никаква врска со Русија. Истиот е производ на вештачка интелигенција, односно креиран е со помош на алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено на Редит, каде што е објавена оваа фотографија

Петспратниот автобус прикажан во објавата што ја анализираме нема никаква врска со Русија. Истиот е производ на вештачка интелигенција, односно креиран е со помош на алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено на Редит, каде што е објавена оваа фотографија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија, при што се тврди дека на неа е прикажан петспратен автобус во Русија.

Руски петтоспратен автобус 👌, стои во објавата.

Вистиномер пребара на Гугл како изгледаат автобусите за јавен транспорт во Русија, но не успеавме никаде да најдеме фотографија од петкатни автобуси кои се движат по руските улици.

Според она што е достапно на Гугл, автобусите за јавен транспорт во Русија се претежно во сина или зелено бела боја.

Црвен автобус, но на два ката има на пример во Москва и тој се користи за туристички тури. Истиот според дизајнот, воопшто не личи на оној прикажан во објавата која ја анализираме.

Москва, Русија – 18 февруари 2016 година. двокатен туристички автобус Градски знаменитости на улица Варварка/Фото:Everypixel.com

Петспратен автобус прикажан како на фотографијата во објавата, најдовме на Редит. Фотографијата е креирана со алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено. Bing Image Creator е алатка за создавање фотографии од зборови со помош на вештачка интелигенција.

Покрај петкатниот автобус, креаторот на оваа фотографија има објавено и други модели на слични автобуси креирани со помош на вештачка интелигенција.

Од сето ова можеме да заклучиме дека петспратниот автобус прикажан во објавата што ја анализираме нема никаква врска со Русија. Истиот е производ на вештачка интелигенција, односно е креиран со помош на алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено на Редит, каде што е објавена оваа фотографија. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција