По Источна Европа, Русија бара повлекување на силите на НАТО од Бугарија и Романија

Фото: НАТО / nato.int

Не само за земјите од Централна и Источна Европа, туку барањето на Русија за повлекување на силите на НАТО (странски војници, оружје и опрема) е за сите земји коишто не биле членки на НАТО во периодот пред 1997 година. Безбедносните гаранции што Русија ги бара од НАТО важат и за Романија и Бугарија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Ројтерс.

Не само за земјите од Централна и Источна Европа, туку барањето на Русија за повлекување на силите на НАТО (странски војници, оружје и опрема) е за сите земји коишто не биле членки на НАТО во периодот пред 1997 година. Безбедносните гаранции што Русија ги бара од НАТО важат и за Романија и Бугарија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Ројтерс.

Руското барање за повлекување на силите на НАТО од Романија и Бугарија е потврдено и во изјава за Бугарското национално радио од руското Министерство за надворешни работи.

Споменатиот вас спорен елемент на нашите иницијативи е формулиран многу јасно и не дозволува двосмислено толкување. Тоа вклучува повлекување на странски сили, опрема, оружје и други чекори за враќање кон конфигурацијата од 1997 година на територијата на земјите кои тогаш не беа членки на НАТО. Тука спаѓаат Бугарија и Романија, одговорил рускиот министер Лавров на писмените прашања што биле поставени пред неговата прес-конференција одржана на 14 јануари годинава.

Двете други клучни прашања коишто Русија ги бара од НАТО и САД се: откажување од распоредувањето ударни системи во непосредна близина на границата со Русија и запирање на натамошното проширување на НАТО кон истокот.

Северноатлантската алијанса во моментов има 30 членки, а последна земја-членка што се приклучи на НАТО е Северна Македонија во 2020 година. Инаку, во изминативе години Руската Федерација отворено се противеше и за членството на нашата земја во НАТО, па така рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов на брифинг во Атина уште во декември 2018 година на грчките власти го искажал ставот на Русија дека е против членството на Македонија во НАТО.

На ваквите барања на Русија, одговор пристигна од американскиот државен секретар Антони Блинкен. Тој уште на 13 јануари изјави дека вратата на НАТО за прием на нови земји-членки ќе биде отворена и покрај барањето на Русија да се забрани членството на Украина во НАТО.

Воедно, членките на НАТО на средбата на Советот НАТО-Русија ги офрлија барањата на Москва за воените сили на Алијансата да се повлечат од земјите-членки што пристапиле во НАТО по 1997 година. Членките на НАТО на состанокот веќе го повторија нивниот став дека членството во НАТО е суверена одлука на секоја независна земја и Русија нема право на вето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција