Пост на Фејсбук манипулира дека Русите предупредиле за атентат на Вучиќ

Во оригиналната информација од „Новости“, на која се повикува текстот линкуван во постот,  никаде не се спомнуваат руски извори. Оригиналниот напис воопшто не наведува кој ја испратил заканувачка порака за атентат на Вучиќ, ниту пак, од кои извори е добиена пораката. Очигледно е дека „руските извори кои се обидуваат да ја вовлечат и Србија во нивните воени планови за Европа“, се измислица на авторот на написот што го рецензираме. Тој ја пласира оваа информација без никаква потврда

Во оригиналната информација од „Новости“, на која се повикува текстот линкуван во постот,  никаде не се спомнуваат руски извори. Оригиналниот напис воопшто не наведува кој ја испратил заканувачка порака за атентат на Вучиќ, ниту пак, од кои извори е добиена пораката. Очигледно е дека „руските извори кои се обидуваат да ја вовлечат и Србија во нивните воени планови за Европа“, се измислица на авторот на написот што го рецензираме. Тој ја пласира оваа информација без никаква потврда

 

 

Пост на Фејсбук  тврди дека на адреса на националниот авиопревозник на Србија, „Ер Србија“, била испратена заканувачка порака за атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ. Притоа, како што се наведува во постот, Русите предупредиле дека Вучиќ бил следен. Ваквата информација е делумно неточна.

Имено, постот бомбастично најавува:

„РУСИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Вучиќ е следен, еве за што!“

Во постот се пренесува напис кој се повикува на информација од српски „Новости“, според која на адреса на авиопревозникот „Ер Србија“, била испратена заканувачка порака за атентат на Вучиќ.

Покрај стандардните извештаи дека во авион на Ер Србија на летот за Москва била поставена бомба, на адресата на националниот авиопревозник попладнево пристигнала заканувачка порака за атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ, дознава Новости.

Според информациите, оваа заканувачка порака пристигнала на е-маил адресата на авиокомпанијата, за што веднаш биле известени сите надлежни служби. Истрагата е во тек“, се вели во написот на „Новости“ којшто го пренесува текстот што го анализираме.

Но, потоа, во текстот се додава:

Информацијата доаѓа од руски извори, кои се обидуваат да ја вовлечат и Србија во нивните воени планови за Европа. Вучиќ за сега ги игнорира и успева да го раздвои српскиот од рускиот интерес, се вели во краткиот напис.

Она што е интересно е дека, доколку се погледне оригиналната преземена информација од „Новости“, се забележува дека таму никаде не се спомнуваат руски извори. Во оригиналниот напис, кој е преземен речиси од сите српски медиуми, никаде не е наведено кој ја испратил пораката, ниту, пак, од кои извори е добиена. Очигледно е дека „руските извори кои се обидуваат да ја вовлечат и Србија во нивните воени планови за Европа“, се измислица на авторот на написот што го рецензираме. Тој ја пласира оваа информација без никаква потврда.

Оттука можеме да кажеме дека постот што го рецензираме делумно дезинформира.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција